Вчеравечер скопскиот плоштад „Македонија“ беше преполн со фанови и почитувачи на Тоше Проески. Традиционално и оваа година се организираше ѕвездено небо по повод петгодишнината од последниот концерт на Проески одржан на Градскиот стадион. Се пееја рефрените од најпознатите песни на Тоше, се палеа свеќи, а видовме и по некоја солза. Болката на фановите сеуште е голема.
На крајот од вечерта беше пуштена легендарната Игри без граници што беше испеана од фановите во еден глас. Одлично организираното ѕвездено небо беше заокружено со голем огномет над Камениот мост. Уште еднаш се докажа колку многу вредеше овој човек.
фото: Утрински
{gallery}102012/02{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет