Почетна / Серии / По полноќ на Сител ќе ја гледате 7. сезона од акцијата за „Чикаго ПД“

По полноќ на Сител ќе ја гледате 7. сезона од акцијата за „Чикаго ПД“

Од понеделник до петок во 00.30 часот на Сител ја следиме новата, седма сезона од познатата американска полициска серија. “Чикаго ПД” е серија за луѓето кои ќе стават се на коцка за да би служеле на законот. На NBC се емитува од 2014та година во досега осум сезони и е дел од франшизата на процедурали за полициските оддели во Чикаго.

Одделот на чикашката полиција се состои од две потполно различни единици – полицајци во униформи кои патролираат по улиците борејќи се против злосторствата и единица на известувачи кои се борат со најтешките криминални дела во градот, како организираниот криминал, препродавањето на дрога и убиства на високи функционери и личности. На чело на овој оддел се наоѓа наредникот Ханк, енигматичен човек кој е подготвен да го заобиколи и законот само за да ја добие правдата.

Притисокот на неговото водство може да го издржат само најцврстите и најжилави подредени. За полицајците по улиците, чија амбиција е да станат дел од елитната единица, секој ден да се преживее е нов предизвик.

Многу акција и адреналин следува од понеделник до петок на Сител во новите премиерни епизоди oд седмата сезона.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!