Почетна / Филм / „Зад стоговите сено“ – филм за грчко-македонската културна соработка

„Зад стоговите сено“ – филм за грчко-македонската културна соработка

Изнаоѓање на една заедничка нишка и зближување на народи кои живеат на различни територии, како и продлабочување на соработката е идејата на најновиот филм „Зад сноповите сено“, кој е во грчко-германско-македонско копродукција.

Најголемиот дел од овој филм се снимаше во јануари во Грција, а деновиве се снимаше и на локациите во Дојран и Гевгелија. Филмот преку неверојатна приказна го отсликува секојдневието и животното искуство на двата народа од двете страни на границата, во 2015 година. Филмот е во режија на Асимина Проедроу од Грција. Ова е нејзин прв долгометражен филм. Главниот продуцент на филмот е продуцентската куќа „Argonauts Production“, а копродуценти покрај Сектор Филм од Скопје, се и „Fiction Park – Entertainment Halbershmidt Tsika GbR“ од Германија.

Филмот има фрагментирана структура. Во поглед на тематиката, станува збор за едно семејство кое што е од другата страна на границата. Во самото дејствие се прикажува нивниот живот, но и движењето на луѓето од двете страни, како и нивниот соживот. Претставен е преку ликот на таткото, ликот на мајката и ликот на ќерката.

Според грчкиот конзул Ракинас, еден ваков проект е од големо значење за двете земји. Тој појасни оти е љубител на филмот и верува дека филмот ќе остави белег.

Љубител сум на филмот, ја следам продукцијата од целиот регион, се чувствуваат успесите, затоа верувам дека и овој филм ќе остави белег. Се надевам на идни соработки во секоја област не само во филмот, рече Ракинас. Очекуваме до крајот на годината филмот да биде комплетно завршен и да доживее премиера. Организацијата на снимање беше променета во одредени сегменти, но сепак според продукцијата, успешно беше комплетирано целокупното снимање во Дојран.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!