Од понеделник до петок, по “Заспиј ако можеш” ќе се емитуваат новите епизоди на бугарската медицинска драма “Украден живот”. Поради репризирање на Шехерезад, Алфа одлучи премиерна нетурска серија да емитува вон прајмтајм термин. Meсто за Украден порано очигледно нема.
Во секојдневната битка меѓу животот и смртта, докторите на клиниката ќе ја ставаат и понатаму пожртвуваноста пред сето останато, а покрај неизвесноста во медицинските случаи, тие соочуваат и со лични борби за љубов и среќа, против лицемерието кое владее околу нив, предавството и злобата.
Одлуките за превземениот ризик ќе донесат успех во нивните животи… но и неуспех кој не може да се предвиди. Новите епизоди ќе ни доловат импресивни кадри од животот на доцентот Банков во Берлин, шокантни моменти и појава на нови ликови во познатата клиника.
Дани | ТВ Пакет