Почетна / Сапуници / Една година од почетокот на Вашето најомилено „Забрането јаболко“

Една година од почетокот на Вашето најомилено „Забрането јаболко“

На денешен ден пред точно една година во вечерниот термин на Канал 5 за прв пат се запознавме со иконите на турското високо друштво.

Ликови кои поставија нови критериуми за висока мода и кои ги освоија срцата на гледачите со неверојатните карактери, саркастични реплики и скандалозни евенти.

Една година од почетокот на вашата омилена турска посластица “Забрането јаболко”. Една година дружба со Јилдиз, Ендер, Зехра, Шахика… и една година сме сведоци на неочекувани пресврти и изненадни шокови во светот на богатите и славните.

По точно една година, гледачите на Македонија имаат ексклузивна можност да ги следат и најновите епизоди од серијата, рамо до рамо со гледачите во Турција. Секоја сабота и недела на Канал 5 во 19.20 часот следуваат нови, уште повозбудливи случувања од драмата за босфорската авангарда.

Бидете со “Забранетото јаболко” на Канал 5 и очекувајте го неочекуваното затоа што овој викенд следува токму тоа со вашата омразена, но омилена Шахика.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!