„Here I stand“ е македонската песна за избор на Евровизија за 2021 година, испеана од Васил Гарванлиев.
Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
https://www.youtube.com/watch?v=HbXczPgRI7Y
Изминатиов период, тим на МРТ во соработка со РТС работеше на реализација на снимка на сценскиот настап под мониторинг на ЕБУ, која треба да послужи како резервна варијанта, доколку е оневозможено присуство на делегацијата во мај, во Ротердам.
Македонскиот претставник веќе ја сними и евровизиската разгледница, годинава во виртуелно студио во МТВ. Со цел да се избегне патување, организаторите на Евровизија осмислија креативни видео разгледници, во кои секој од учесниците ќе се појави на различни локации во Холандија преку холограм.
Во моментов ЕБУ фокусот го има на реализација на сценариото Б, што подразбира одржување на Евровизија во мај во Ротердам, со присуство на делегациите, но со примена на мерки за социјална дистанца и други протоколи за заштита од Ковид- 19.
Дани | ТВ Пакет