Нова телевизиска меана во која домаќин е Жанко – З’ш. Македонска музика, хумор и забава се спецификите на ова ново телевизиско музичко шоу, кое ќе се прикажува секоја недела на кабловската ТВ Сонце.
Учество ќе земат најголемите македонски ѕвезди: Елена Велевска, Сузана Гавазова, Анета Мицевска, Стојне Николова, Сани… и многу други.
За музиката во оваа импровизирана кафеана е задолжена групата Чардак во проширен состав а режија на овај серијал е Ване Петкоски од ИН Продукција. Помагатели на емисијата се Етно ресторанот “Дедо димо” кој гостите ги почастува со специјалитети од нивната кујна и исто така покровител e и ИНТВ од Мелбурн.
Емисијата освен на “Сонце”, ќе се емитува и на сателитската “Ин Тв” и “Фолк клуб”, како и на регионалните телевизии ширум земјава.
Дани | ТВ Пакет