Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна хет-трик по само едно полувреме на натпреварот од Серија А против Каљари. Португалецот се запиша во листата на стрелците во 10-та, 25-та и 32. минута. Ова се 21, 22 и 23 погодок на Роналдо оваа сезона во италијанскиот шампионат, а најблиску до него е Ромелу Лукаку од Интер кој заостанува четири гола.
Роналдо првпат погоди на стадионот „Сарденја“ во Каљари. Триесет и шестгодишниот фудбалер постигна гол на секој од 18-те стадиони на кои играше во Серија А.
Дани | ТВ Пакет