Почетна / Сапуници / Фото | И ова се случи во „Ангели“ – очувот ја затвори во кафез

Фото | И ова се случи во „Ангели“ – очувот ја затвори во кафез

Не престануваат морбидните сцени во турската серија “Ангели” која се емитува на телевизија Сител. Најновата ситуација која исто така ги остави будни гледачите до доцна во ноќта е тоа што ѝ се случи на главната хероина, една од ангелите.

Приказната за Ејлул започна кога очувот се обиде да ја силува на почетокот на серијата, мајката не ѝ поверува, па ја прати ќерка си во дом.

Цела серија, младата хероина се обидува да ја докаже неправдата за опседнатоста на очувот, а во последните епизоди емитувани на Сител, таа повторно стана жртва на злобниот очув.

Бато Кемал ја киднапира младата девојка и ја затвори во кафез.

Ќе се извлече ли девојката и од оваа ситуација, останува да видиме во следните продолженија од “Ангели”, од понеделник до петок во 22.40 часот на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!