Нехир е млада девојка, која ја користи својата убавина за да ги мами мажите. Како дете била напуштена од родителите и оставена во едно сиропиталиште, како ја запознала Зерин која станала нејзина менторка.
Зерин ја научила Нехир како да се брани во животот, како да лаже за успее и како да гази сè пред себе како би ги постигнала зацртаните цели. Така двете започнале и да соработуваат. Нехир наоѓа мажи кои ги лаже, а Зерин се претставува како нејзина мајка и ги вовлекуваат жртвите во нивната опасна измамничка пајажина.
Еден човек дури ќе се вљуби толку многу во Нехир што ќе сака да се ожени со неа, но на свадбената церемонија, Нехир и Зерин ќе побегнат откако ќе ги украдат сите подароци и ќе ги хакираат кредитните картички на младоженецот.
Сепак, доаѓа период кога Нехир се чувствува уморно од толку измами и лаги на лажен идентитет. Случајно на интернет започнува чат со непознат маж Назим и токму тие разговори претставуваат мелем за душата на младата девојка.
Само во тие минути, во тие часови, таа се чувствува конечно среќна и спокојна. Но, Назим, човекот од другата страна на компјутерот е градежен инженер кој крие една тајна. Неговите лузни на лицето стекнати во минатото го огорчиле и сега тој чувствува страв и срам да зборува со жените.
И нему му пријаат овие разговори со Нехир, но кога доаѓа моментот да ги разменат фотографиите од нивните лица, тој праќа фотографија од млад и згоден човек, нововработен на градилиштето на браната.
Назим се заљубува во младата девојка од фотографијата, но и Нехир во згодниот човек што го доби на чатот, не знаејќи дека на другата страна е постар маж со оштетено лице.
По некое време, младата девојка решава да го запознае во живо Назим и случајно се појавува на градилиштето. По сплет на околности, Назим ќе мора да го натера младиот Тарик да се претстави во негово име и така започнува играта со Нехир.
Нехир ќе поверува дека Тарик е човекот со кој зборувала неколку месеци преку интернет, а тој постепено ќе се вљуби во неа. Сепак, вистината е сосема друга, а на лагата секогаш ѝ се кратки нозете. Лузните оставаат длабоки рани, но само љубовта е таа која може да ги излекува тие рани и да ги прекрие тие лузни.
Дани | ТВ Пакет