Феликс Баумгартнер, кој е падобранец и екстремен спортист, на свои 43 години ќе изведе скок од 37 километри блиску Розвел во Ново Мексико, што ќе биде најдолгиот и најбрзиот пад во историјата, јавува Денешен. Доколку временските услови дозволат, тој во попладневните часови, по наше време, ќе одлета до стратосферата со помош на хелиумски балон.
Неговата желба е да стане првиот падобранец кој ќе го пробие звучниот ѕид, но скокот ќе биде возможен само ако брзината на ветерот не биде поголема од 3 километри на час.
Имено, тој со самиот скок од балонската капсула, ќе биде изложен на температура од минус 70 степени што може да направи потенцијално смртни меури во неговото тело од телесните течности. Проследете го неговиот скок по одбројувањето.
Крис Манев | ТВ Пакет