Телевизија “БТР Национал” беше скопска приватна телевизиска станица која 24 часа дневно емитуваше програма на ромски јазик. Со телевизијата раководеше Зоран Димов и тоа од 1994 година, а беше сместена во куќата на Есма Теодосиевска, на скопското Кале, каде што се наоѓа и Музејот на Ромите, како и урната со пепелта на нејзиниот починат сопруг Стево.
Пред неколку години, телевизијата престана да емитува програма, а сега конечно се враќа во интернет етерот. Наскоро ќе започне и 24 часовна онлајн програма со ромски песни и познатите честитки и поздрави на голема радост на ромската заедница.
Дани | ТВ Пакет