Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Миро и Ведрана во новиот забавен магазин „Голден карпет“ на Канал 5
Сабота и недела во 19.30 часот на Канал 5, чекориме на златниот тепих

Миро и Ведрана во новиот забавен магазин „Голден карпет“ на Канал 5

Домашната и балканската естрада во фокусот на новиот забавен викенд магазин на Канал 5.

Водителски тандем на овој проект ќе бидат Миро Кацаров и Ведрана Ѓорѓевиќ, добро познати телевизиски имиња кои после долги години работа на други проекти конечно ќе ги здружат силите и ќе бидат домаќини во „Голден Карпет”.

Освен познатите музички имиња, ќе гостуваат и популарните политичари, спортисти и актери, кои дефинитивно ќе ги запознаете од еден друг агол од нивниот живот.

Имајќи предвид дека последниве две години има зголемено отсуство на настани и емисии од забавен карактер, во оваа емисија конечно ќе се види забава што им е потребна на гледачите, гламур, шоу бизнис и убава модна естетика.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!