„Мојата ќерка“е нова турска драма која ќе се емитува на ТВ Сител секој ден во 19.45 часот. Малата актерка од “Мојот вујко” и “Се викав Мелек” овој пат е “Мојата ќерка” за актерот нам добро познат по улогите во “Браќата”, “Осмиот ден”, “Фатмаѓул”, “Стара приказна”, “Заборави ако можеш” и “Љубов”.
Ојку е мало и паметно девојче, која била одгледана од нејзината тетка. Но, еден ден, одненадеш тетката си заминува, оставајќи писмо за малото девојче. Во писмото, таа ѝ вели на Ојку дека не може повеќе да се грижи за неа и дека треба да го побара нејзиниот вистински татко.
Во писмото, тетката ја навела и адресата каде што живее Демир, таткото на девојчето. Така започнува патешествието на малата Ојку, која со големиот куфер тргнува на адресата каде што живее таткото што никогаш не го запознала. Доаѓа таму и го запознава Демир, но тој е во шок, затоа што никогаш не дознал дека има ќерка од поранешната девојка.
На прв момент, тој го одбива девојчето и не сака да се грижи за неa, но откако е притворен, сепак одлучува дека Ојку е таа што може да го спаси од затвор. Затоа го моли судијата да го ослободи како би се грижел за својата ќеркичка.
И така… Демир сакал-не сакал мора да живее и да ја чува Ојку. Постепено, Демир се привикнува на Ојку, а и таа на него, а на таквиот тандем се приклучува и младата ветеринарка која станува дел од нивната блискост.
Работите како да тргнале на убаво, сè до моментот кога Демир дознава дека малото девојче е тешко болно. Згора на тоа, се појавува и вистинската мајка на Ојку, која крие една тајна за вистинскиот татко на малата принцеза.
Дани | ТВ Пакет