Денес навршуваат девет години од смртта на македонската телевизиска легенда Ѓорги Колозов. Роден е на 26. февруари 1948. година во Богданци, а почина на денешен ден во 2003. година, Скопје. Популарноста на Колозов беше резултат на неговото долгогодишно искуство и популарниот македонски ТВ проект „Македонски народни приказни“. Но, на публиката и е познат и по многубројните одиграни улоги во други ТВ проекти како што се: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“, „Чудовишта во нашиот град“ и други. Нека почива во мир.
Крис Манев | ТВ Пакет