Во финансиските кругови на Њујорк се води битка за превласт и профит. Комплексна драма за моќната политика во светот на њујоршките високи финансии.
Брилијантниот титан за хеџ-фондови, Боби Акселрод-Акс и јавниот обвинител Чак Роудс играат опасна игра каде што влоговите се бројат во милијарди.
Двајца финансиски моќници не бираат сретства за да дојдат до поголем профит и вредност на акциите. Во желбата за доминација, не штедат ни од нивните нелегални фондови за да придобијат повеќе приврзаници за бизнисот. Корупцијата е нивното мото, кое го применуваат и во судството, и по цена на животи.
Oд вторник до петок, нова возбудлива американска серија на ТВ 24 со добитниците на ЕМИ и Златен Глобус Paul Giamatti, Damian Lewis, Maggie Siff, Malin Åkerman, Toby Leonard Moore, David Costabile, Condola Rashād и Asia Kate Dillon се познатите имиња кои се дел од актерската екипа на познатата драма на Showtime.
Дани | ТВ Пакет