Филмот „Саомуништување“ е урбана трагикомедија чија тема е распаѓањето на семејството, кризата на поединецот врзана со духот на времето во кое се случува дејството. Тоа е приказна за Куплунг, таксист, човек без морални предрасуди, силеџија и љубовџија, човек што ги почитува само своите страсти. Тој кон сопругата Стојна, работничка во фабрика, се однесува како кон сопственост, па таа ропски послушна ги исполнува неговите барања и го поднесува неговото грубо и просто однесување.
Цоле, неговиот син студент, е малтретиран од својот татко кој кон него не чувствува ниту татковска љубов ниту обврска. Единствена слабост Куплунг покажува кон неговата љубовница Шила, кафеанска пејачка, која се мажи за полицискиот инспектор, брат на Стојна. Само тогаш Куплунг е исфрлен од шемата по која живее и веднаш бара нов сексуален објект. Жртва станува девојката на неговиот син, Вилма, наивна и приглупа девојка која по силувањето станува негова љубовница.
Дани | ТВ Пакет