Секој ден во 19.45 часот, телевизиските гледачи се на фреквенцијата на Сител, следејќи ја слатката и тажна приказна за “Мојата ќерка” која дефинитивно е без конкуренција во гледаност во нејзиниот термин.
За Ојку или малото талентирано девојче Берин Гокјилдиз ова веќе е нова улога каде е порасната и поискусна пред камерите.
Претходно ја следевме во познатите серии “Се викав Мелек” и “Мојот вујко”.
Но, која е Берен приватно и што обожува најмногу?
„Најмногу сакам сина боја. Особено тиркизна.
За мене макароните се најубаво јадење, но сакам и полнети пиперки. Моето хоби е скокање на јаже, пеење и танцување. Обожавам трговски центри. Сакам да шетам по трговските центри. И, она што најмногу ми се допаѓа е одење во кино. “
На прашањето, кого сака повеќе, таа ќе каже :
– Мајка ми, секако. Таа ме роди мене. Ја сакам мајка ми 100 проценти, а татко ми 99. Таа беше со мене повеќе од татко ми и ја поддржуваше мојата желба да снимам.
Имам баба во Анкара. Татко ми често ме носи таму со мојот мал брат. Обично на Бајрам одиме да ја видиме баби. И таму имам чичко. Ние сме едно мало, но од друга страна и големо семејство. И, за мене, семејството е љубов, мир, живот … Нешто најважно. “
Ги сака фудбалските клубови „Фенербахче“ и „Галатасарај“, но сепак омилен за неа е „Бешикташ“.
Во серијата “Мојата ќерка”, малото девојче се спријателило и приватно со сите актери, но најмногу се дружи со актерот кој го глуми нејзиниот татко.
Дани | ТВ Пакет