Од авторот на првата македонска успешна вебновела „Црвена месечина“ ни доаѓа нова и поинаква приказна. Денеска започнуваме со објава на „Одмазда – љубов и смртна казна“. Моќниот наслов е доволен предизвик да се прочита ова прво издание. Доколку се навлечете, продолжението е тука веќе во среда. Уживајте!
Од авторот на првата македонска успешна вебновела „Црвена месечина“ ни доаѓа нова и поинаква приказна. Денеска започнуваме со објава на „Одмазда – љубов и смртна казна“. Моќниот наслов е доволен предизвик да се прочита ова прво издание. Доколку се навлечете, продолжението е тука веќе во среда. Уживајте!
Одмазда – љубов и смртна казна
„Пилот“
Минас Жераис беше земја на која живееа доселеници од сите страни на светот, особено емигранти од Италија и Шпанија. Плодната земја, неоткриените рудници и преубавите предели беа само дел од причините поради кои емигрантите одлучиле во минатото да останата на таа благословена земја. Едни од многуте фамилии беа и Кастењон, второто колено на Ињаки и Рикарда, кои беа пребегнале од Шпанија во втората половина на деветнаесетиот век, во потрага по нов живот. Сега, нивниот син Фаусто живееше на пространата хациенда Темпестад, со својата сопруга Естер, и трите веќе возрасни деца Анибал, Рикардо и Елиса. На нивниот простран имот, најчесто работеа луѓе од нивните краишта од онаа страна на атлантикот, шпанци и италијанци.
Беше врел ден во август, кога како и секоја година, газдите ги канеа своите пријатели, соседи и работници да присуствуваат на коридата кои се одржуваа на нивната земја.
Под сенката на еден дебел храст, седеше Естер Амарал де Кастењон, сопругата на Фаусто и мајка на неговите три деца. Беше убава жена во раните четириесети години. Нејзиниот сон како девојка беше да биде професорка, но судбината имаше поинакви планови за неа, како што најчесто и имаше за жените од тоа време, а тоа беше да бидат домаќинки и верни сопруги. Иако тогаш беше лудо вљубена во својот сопруг, денес живееше во брачна криза. Фаусто речиси никогаш не беше дома, со неа, а и во ретките моменти кога беа заедно ја третираше како уште едно од своите животни.
Моналиса Пантелеон погледна во својата сакана господарка и почуствува дека и е потребна свежа лимонада, па наполни една кристална чаша со освежителниот пијалок и ја понесе кон храстот каде што седеше нејзината господарка.
– Лимонада, доња Естер? Мислам дека ви е потребна.
– Ти, благодарам, Моналиса, – благодарно се насемевна жената, замајки ја подадената лимонада од слугинката.
Моналиса беше ќерка на Марија Грација Анџели и Антенор Пантелеон. Таа беше спретната готвачка на хациендата, а тој незаменливиот надзорник кој знаеше да се справи со животните како никој друг.
Со своите осумнаесет години, Моналиса беше страствена и жива девојка. Постојано ги облекуваше фустаните на Елиса, замислувајки се дека е дел од фамилијата Кастењон. Ги проколнуваше своите родители што ја родиле како ќерка на слуги и тоа беше грев кој никогаш не можеше да им го прости. Беше итра и умна девојка уште од мали години. Доња Естер уште од дете ја научи да чита и пишува и вечно и беше благодарна за таквиот дар.
Додека ја служеше својата господарка со лимонада, со погледот шараше наоколу, обидувајки се меѓу гостите да го најде Рикардо, момчето во кое беше вљубена, момчето за кое се надеваше дека еден ден ќе ја направи негова сопруга и со тоа ќе и го оствари сонот да биде дел од фамилијата Кастењон.
– Оваа трка ме прави нервозна, Моналиса, – Естер и призна на својата слугинка.
– Не грижете се, доња, Анибал е најдобриот јавач на Темпестад, секако по мојот татко.
Иако Естер добро ги знаеше вештините на нејзиниот син во справувањето со коњите, сепак стравуваше секој пат кога требаше да се натпреварува со истите.
– Фаусто!, – му довикна на својот сопруг од далеку. – Те молам кажи му на Анибал да внимава!
– Не грижи се, жено и престани да паничиш веќе!, – грубо и дофрли Фаусто.
Фаусто Кастењон беше маж од четириесет и две години, средно висок, но цврст и набиен. Ја имаше наследено физичката градба на својот покоен татко. Имаше правилни црти на лицето и важеше за убав маж, иако истото не можеше да се каже и за неговиот избувлив и често променлив карактер.
Се беше подготвено за да започне трката со коњи. Естер чуствуваше како и се превртува утробата внатре. Погледна на стазата каде што Анибал го подготвуваше едниот коњ, а надзорникот Антенор другиот. Беше трка каде што требаше да се докаже дали младиот син на господарот е достоен да се натпреварува со нескротливиот надзорник.
Со своите дваесет и три години, Анибал ја имаше оставено семинарската школа за да и се посвети на својата работа на Темпестад. Како првороден беше дар за неговите родители, особено за Фаусто кој гледаше во него како свој достоен населдник.
Фаусто го повлече чкрапалото на огненото оружје, и залутаниот куршум го означи почетокот на трката. Естер ги прекри своите очи. Не можеше да поднесе да гледа со која брзина се движат животните. Од друга страна пак, Марија Грација и Моналиса навиваа за својот сопруг и татко, додека од спротива Елиса и Рикардо стегаа палци да победи бивниот постар брат. Тоа ќе беше прв пат за некој од селото да го победеше нескротливиот Антенор. Поголемиот дел од трката водеше надзорникот, но во последниот четврт водството го презема младиот син на Фаусто и Естер. Така и стигна прв до целта.
Фамилијата Кастењон беше презадоволна од победата на Анибал. Особено Фаусто.
– Благословен да е Господ што не ти се случи ништо, синко, – со олеснување крикна Естер, откако пријде да му честита.
Фаусто грубо ја турна Естер од патот, пријде до Анибал, го прегрна и рече:
– Ова е доказ дека си вистински Кастењон, синко. Имам специјален подарок за тебе.
Ваквите зборови ја потресоа Естер. Жената добро знаеше каков вид на подарок има подготвено Фаусто за нивниот син, и тоа воопшто не и се допаѓаше.
Кристина Анџели беше сензуална жена од триесет и пет години, жена која ударите во животот ја имаа одведено кон алкохолот. Работеше како една од дамите за забава во борделот на Тетка Кармен. Тоа беше единственото место кое и нудеше засолниште кога најмногу и беше потребно, а потоа и задоволството и парите си го сторија своето за да остане во борделот.
Откако Фаусто Кастењон го доведе својот постар син во борделот на Тетка Кармен и му беше доделена Кристина како негова придружничка, тој посегна по кесето и ги извади сите пари кои ги имаше со себе, откако останаа сами зад затворени врати.
– Ти благодарам, момче, – рече таа, сместувајки го најголемиот бакшиш кој го добила помеѓу своите подвезици.
– И не заборавај, Кристина, ни збор за ова на мојот татко, – повтори Анибал, со страв во гласот дека ќе биде предаден.
– Не плаши се, убавецу. А смеам ли да знам зошто го лажеш?
– Не…Не смееш да знаеш бидејки тоа е моја работа.
– Секако…Немај гајле, нема да кажам никому.
Кога двајцата слегоа долу во просторијата која мирисаше на тобако и рум, држејки го под рака, Кристина му дошепнуваше нешто на Анибал.
– Како се снајде мојот миленик, Кристина?, – ја праша Фаусто, воздивнувајки се како паун. – Се снајде или не се снајде?
– Твојот син е нескротлив коњ, Фаусто. Најдобриот маж кој сум го имала во мојот живот.
– Тоа е мојот син, Крситина, крв на мојата крв, – гордо рече Фаусто, удирајки го својот син по рамото.
Кога Фаусто се врати назад на хациендата со својот син Анибал, сонцето веќе заоѓаше зад хоризонтот, а на тремот нервозно ги чекаше Естер.
– До бога, Фаусто, каде бевте до сега?
– Не е твоја работа, жено, – дрско и одговори Фаусто, како обично. – Една жена нема потреба да знае каде и со кого се задржува нејзиниот сопруг. Извини ми се, веднаш!
Естер почуствува како ја стега кнедла во грлото. Фаусто ја гледаше со насобран гнев. Сакаше да му покаже на својот син како се третира жена.
– Се извинувам, – покорно рече Естер.
– И тоа е се што имаш да кажеш?
– Се извинувам и нема да се повтори, – додаде жената.
– Одлично. Веќе е подобро. Сега, моли се, Естер. Жена која го навредува својот маж, го навредува и Господ.
– Само сакав да ти кажам дека нана Тили не е добро.
– Што и е?, – праша Фаусто, за прв пат во разговорот покажувајки дека навистина му е грижа. Тили беше како мајка за него. Иако беше само негова дадилка, таа жена беше онаа која најмногу ја почитуваше.
– Не знам, одеднаш и се слоши, – одговори Естер со спуштен поглед.
Фаусто го напушти тремот, а кога останаа насамо Анибал се обиде да и објасни на својата мајка, но Естер не беше волна да слуша.
– Те молам, не ми се обраќај додека твоето тело го има впиено мирисот на тие лесни жени. Искапи се прво. Ќе зборуваме по вечерата, – додаде Естер и со брзи чекори се упати кон хациендата.
Послугата имаше свои соби вон хациендата, но старата Тили имаше своjа посебна одаја во задниот дел на куќата, како благодарност за долгите и посветени години кои ги помина со фамилијата Кастењон.
Фаусто полека ја отвори дрвената и крцкава врата па влезе во собата каде што сончевата светлина која допираше преку отворениот прозорец ја осветлуваше постелелата каде што лежеше старата дадилка.
– Како се чуствуваш, нана Тили?
– Фа…Фусто, синко, – одвај проговори старата жена. Фаусто ги зеде нејзините раце, студени како речен камен, додека очите му се полнеа со солзи. Само пред жената која го имаше одгледано од дете можеше да ги покаже своите вистински емоции. – У…Умирам.
– Не зборувај така.
– Не сакав да заминам пред да зборувам со тебе.
– Никогаш нема да умреш, нана Тили. Ќе живееш уште сто години на оваа хациенда.
– Сакав…да те замолам нешто пред да заминам.
– Се што сакаш, нана Тили.
– Дај му работа на мојот син Енцо…Тој доаѓа.
продолжува во среда…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет