Почетна / Филм / „The crimes of Grindelwald“ и „Geostorm“ овој викенд на МРТ 1

„The crimes of Grindelwald“ и „Geostorm“ овој викенд на МРТ 1

Во петок (11 јуни 2021) на МРТ 1 во 23.45 часот ќе се емитува вториот дел од од спектаклот „Фантастични ѕверки“ , чиј автор е прославената Џ.К. Роулинг, која ги воодушеви гледачите и сите љубители на волшебниците со серијалот за Хари Потер.


Моќниот волшебник Гелерт Гриндервалт успева да побегне од заробеништво и да се скрие на тајна локација во Париз, каде планира да ги обедини своите следбеници кои ќе му помогнат да ја исполни својата последна цел. Тој сака да завладее со сите суштества кои не се волшебници.

Албус и Гелерт во серијалот за Хари Потер биле многу блиски, а сега тој сака да ги осуети плановите на Гелерт и за таа цел Албус го запознава својот поранешен студент Скамандер со овој проблем. Тој се согласува да му помогне на Албус, но ни самиот не е свесен какви опасности го очекуваат.

И во сабота, во истиот термин, потсетете се на “Гео бура” со Џереми Реј Тејлор, Џерард Батлер, Ед Харис и Аби Корниш во главните улоги.

Кога катастрофалните климатски промени започнуваат да го загрозуваат опстанокот на Земјата, светските водачи се здружуваат и решаваат да направат голема мрежа на сателити околу планетата кои ќе ја контролираат климата и кои ќе ги чуваат жителите на целиот свет.

По 2 години успешно чување на Земјата, нешто тргнува наопаку а двајца браќа мораат да го отстранат дефектот за да не настане бура од епски размери.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!