Ова е првата и единствена шоу програма во регионот, која што им дава шанса на оние кои мислат дека за почеток на кариера е предоцна. Ова е натпревар на ветерани (+45 год.) со неодоливи животни приказни и неостварени соништа…И токму денес, петок, 25ти јуни дојде крајот и на оваа сезона на “Никогаш не е доцна”.
Веднаш по модерната интригантна серија “Лузни” вечерва на Канал 5 следува последното издание од шоуто на најдобрите возрасни таленти. Последно но за оваа, шестта сезона.
И сето тоа за крај зачинето со неодоливиот хумор на авторот на емисијата, Жика Јакшиќ и маестралната професионалност на Драгана Катиќ, Александар Софрониевиќ и Саша Милошевиќ Маре.
Спектакуларна завршница на “Никад није касно”, вечерва на Канал 5.
10 финалисти во борба за победа.
Дани | ТВ Пакет