После 12 студиски албуми и две винил изданија, прославувајќи ја 20 годишната кариера, бендот “Љубојна” повторно се ребрендира, одржувајќи го својот курс во популарната музика. Овој пат со новата песна “Јас и ти” на Вера Милошевска, со која песна Вера со голем успех навлегува и во кантавторските води.
Новиот сингл носи ведрина на латино клаве ритам, воздишки на летни љубови и мириси на липи и жешки калдрми. Музиката и текстот се на Вера Милошевска, аранжманот на Оливер Јосифовски, а продуцент е Мите Димовски студио “Тра ла ла”.
Песната беше изведена во живо на нивниот последен концерт во 2019 година, за сега да ја најават нејзината студиска реализација.
Дани | ТВ Пакет