Елиф е млада девојка, која пораснала во сиромаштија заедно со нејзиниот татко, злобната маќеа и злобните деца на маќеата.
Таа сонува да се спаси од живот во окови и притисоци. Сонува да замине од тоа маало и да се омажи за принцот од нејзините соништа.
Една вечер, заедно со својата дргарка успева да биде гостинка на една позната модна церемонија каде го запознава богатиот текстилен магнат Булут.
Тој не знае дека девојката е обична продавачка, а таа не е свесна дека таа средба засекогаш ќе го промени нејзиниот живот и ќе го оствари нејзиниот сон. Но, реалноста е сосема друга.
Наговорен од злобната маќеа, нејзиниот татко решава да ја продаде ќерката Елиф на богат и стар човек. Иако првин одбива, сепак Елиф е приморана да го прифати тој брак. Но, вечерта на свршувачката, во куќата на Елиф доаѓа Булут кој е подготвен да ја спаси девојката од суровата судбина.
Тој не знае што е љубов и среќа. Таа верува во чуда и вечна љубов. Како може толку голема љубов да се смести во нејзиното срце и како може неговото срце, цврсто како карпа, за прв пат да се плаши? Сега, таа има два избори – да ѝ се спротистави на фамилијата или да ѝ сврти грб на љубовта.
Нова драматична приказна за една невозможна љубов. Драма за интригите на две семејства, големи неправди и љубов, која уште на стартот е осудена на пропаст. Љубовта, која започна како сон, ќе се претвори во кошмар во новата викенд серија на Сител – “Тајни соништа”.
Дани | ТВ Пакет