Може да направи да се чувствувате како да летате во близина на сонцето, а да не чувствувате дека ви горат крилјата. Понекогаш, ќе бидете повредени поради неа. Тоа е возвишена битка во која можете да се сопнете и да се струполите на патот.
Понекогаш ќе чувствувате како нешто да ве удрило. И потоа сфаќате дека не е секогаш лесно. Затоа што таа не е лесна… затоа што љубовта не е таква.
Најдобрите и најубавите нешта во животот не можат да се видат или слушнат, туку мораат да се почувствуваат со срцето. Сонот кој го сонуваат сами е само сон.
Сонот кој ќе го сонуваат заедно е реалност. Бакнежот ќе биде прекрасен трик на природата кој има за цел да го прекине говорот кога зборовите ќе им станат излишни. Кога еднаш ќе ја вкусат љубовта, секогаш ќе бидат гладни за уште.
Нова љубовна романса на малите екрани. Секој ден, веднаш по централниот дневник на Сител следете ја слатката приказна за двајца млади, чија убавина ќе ве магепса, а во чиј шарм од прва ќе ве се заљубите.
“Немирно лето”, најнова хит романтична комедија ексклузивно на Сител. Серија за најголемото, серија за најубавото… серија за љубовта.
Љубовта никогаш не била создадена со цел да биде лесна. Но, секогаш ќе биде бесценета. Затоа не се плашете кога поминувате низ тешкотии во животот. Затоа што, после сѐ, како што велат, вреди да се помачите за најдобрите работи кои животот ги нуди.
Дани | ТВ Пакет