Откако го најави својот голем концерт „Oтварање“ на 2-ри номеври во Борис Трајковски арена, Слаткаристика и неговиот тим сериозно работат на подготовките за најголемото музичко случување годинава.
Знаеме дека до сега во Спортскиот центар “Борис Трајковски” се оддржуваа и музички настани, но секогаш со критики кон неакустичноста на салата. Но сега нашата најголема арена е подготвена со акустична изолација по светски стандарди, а премиерно во истата ќе настапи Слаткаристика, на 2-ри ноември, петок, во 21:00 часот. По најавата на оваа соработка, Слаткаристика и С.Ц. Борис Трајковски со уште еден проект, овој пат од хуманитарен карактер. Имено, дел од средствата собрани од продажбата на картите од овој концерт ќе бидат донирани за Св.Јован Бигорски, а исто веќе се отворени и линии 143-143, на кој број може да донирате 100 денари (со вклучен ДДВ) за децата од Јавната установа детски дом 11 Октомври.
Со многу причини Слаткаристика и Спортскиот Центар Борис Трајковски Ве очекуваат на најголемиот музички спектакл до сега.
Крис Манев | ТВ Пакет