Како мало дете, Енцо Анџели беше одведен на север, далеку од својата фамилија, оставен да го израснат далечни роднини. Причината поради која Енцо не растеше на Темпестад беше доволна за да ја уништи фамилијата Кастењон. Денес, четириесет години подоцна, Енцо зачекори на истата земја каде што се роди. Телеграмата за болеста на неговата мајка беше доволен мотив да остави се и да се врати во Минас Жеријас. Беше висок и цврст маж, со ноншалантен од и неодолив поглед. Чекореше по патот кој водеше до хациендата како да гази по својата родна земја. Енцо не беше умислен како што многумина мислеа, едноствано така беше роден, со лавовско срце.
Покрај него помина автомобил, Ролс Ројс, класика за тоа време, иако беше реткост да се види моторно возило во тие краишта. Особено беше ретко да се види жена зад воланот, како во случајот.
– Не можам да поверувам дека има толку згодни мажи во ова село, – рече едната од жените во автомобилот, доволно гласно за Енцо да ги слушне.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 2 – “Доаѓањето на Енцо“
Како мало дете, Енцо Анџели беше одведен на север, далеку од својата фамилија, оставен да го израснат далечни роднини. Причината поради која Енцо не растеше на Темпестад беше доволна за да ја уништи фамилијата Кастењон. Денес, четириесет години подоцна, Енцо зачекори на истата земја каде што се роди. Телеграмата за болеста на неговата мајка беше доволен мотив да остави се и да се врати во Минас Жеријас. Беше висок и цврст маж, со ноншалантен од и неодолив поглед. Чекореше по патот кој водеше до хациендата како да гази по својата родна земја. Енцо не беше умислен како што многумина мислеа, едноствано така беше роден, со лавовско срце.
Покрај него помина автомобил, Ролс Ројс, класика за тоа време, иако беше реткост да се види моторно возило во тие краишта. Особено беше ретко да се види жена зад воланот, како во случајот.
– Не можам да поверувам дека има толку згодни мажи во ова село, – рече едната од жените во автомобилот, доволно гласно за Енцо да ги слушне.
Фаусто гневно ја напушти хациендата и пријде во летната кујна на отворено, каде што Марија Грација ја подготвуваше вечерата. И пријде од зад грб, како мршојадец и ја зграпчи за колковите, заринувајки ги своите прсти во нејзината задница. Додека жената ја чуствуваше ерекцијата на својот господар во своето месо, се обиде да каже нешто, но Фаусто не и дозволи. Ја прегирза за вратот, шепотејкии на уво:
– Таква те сакам, питома како кобила. Што велиш да појдеме до шталата?
– Не можам сега, газда. Видовте во каква состојба е мајка…не можам така да ја оставам сама.
– Не грижи се за нана Тили. Цврста е како карпа.
Фаусто не се откажуваше од идејата да се задоволи. Ја љубеше по белата кожа, додека со рацете ги гмечеше нејзините гради. Марија Грација почуствува како и тече солза по лицето. Не сакаше да дозволи уште еднаш да биде искористена. Овој пат одлучи да собере храрост и да му се спортистави.
– Реков сега не, газда!
Нејзините зелени очи беа сјајни како рис додека се бореше за својата слобода.
На Фаусто воопшто не му се допадна ваквиот начин на одбивање, но поради нана Тили одлучи да попушти овој пат.
– Ова нека биде прв пат и последен како ме одбиваш, Марија Грација. Фаусто Кастењон не сака кога му велат не, – додаде гневно, ја стави шапката на глава и со брзи чекори ја напушти врелата кујна, оставајки ја Марија Грација со горчлив вкус во устата.
Зад столобот стоеше Антенор и гледаше како страда неговата сопруга. Сеуште не можеше да се воздржи додека гледаше како рацете на Господарот царуваат по телото на мајката на неговата ќерка. Но, како и секогаш мораше да страда во себе. Со притисната тупаница удри во дрвениот столб, свесен дека е може да стори ништо…Во спротивно тој и неговата фамилија ќе останеа без храна и кров над главата.
Пред вечерата, Естер седеше на тремот и со гобленот в рака, гледаше како заоѓа сонцето зад хоризонтот. Ретки ќе беа ваквите приквечерини до крајот на годината. Летото полека заминуваше, а со тоа и убавото време. Одеднаш почуствува нечија сенка до себе, и без да се заврти знаеше дека е Анибал.
Момчето ја спушти својата рака на рамото на својата мајка, како знак за прошка за стореното, или бар за она што таа веруваше дека тој го сторил.
Луѓето кои го познаваа Анибал Кастењон велеа дека е машка копија на својата мајка. Ги имаше истите нејзини крупни очи, истите нежни црти, дури и од сите три деца, Анибал имаше најмногу слични карактерни црти како својата мајка.
– Разочарана сум од тебе, Анибал, – рече Естер, сеуште гледајки во сонцето кое заоѓаше.
– Го напушти училиштето за свештеници за да се претвориш во грешник. Вечерва доаѓаат мојата роднина Лукреција со нејзината ќерка Алисиња, твојата идна сопруга. Сакаш да ја пречекаш така? Само се надевам дека твојата попладневна авантура од борделот нема да дојде до ушите на Алисиња.
– Мајко, ако ве смирува, јас не направив ништо лошо…
– Анибал, те молам, – го сопре Естер пред тој да се обиде да и објасни.
– Мајко, немам допрено ниедна жена, се колнам.
– Не сакам да те слушам, Анибал!
Нивната дискусија беше прекината кога пријде Антониета, одговорната домарка во куќата.
– Дон Фаусто сака да разговара со вас, господине Анибал. Ве чека во капелата.
Антониета беше жена чија горчина се манифестираше преку нејзинио поглед. Кога беше млада, економската состојба ја уништи нејзината фамилија, татко и беше затворен на доживотен затвор а мајка и ја закопаа два метра под земја, не можејки да се помири со осиромашувањето. Сега, Антониета беше придружничка на својата далечна роднина Естер и нејзината ќерка Елиса. Тоа и ја труеше душата со горчина.
Голотo торзо на Фаусто Кастењон беше бележано со крвави рани, додека пред распетието на Исус, пред олтарот од илјадници свеќи, Господарот на Темпестад се камшикуваше со цел да се искупи зза сторените гревови. Тоа не беше прв пат за Анибал да го види својот татко во такво положба. Ритуалот на само-камшикување му беше познат.
– Пријди, – Фаусто му се обрати на својот најстар син низ солзи, поканувајки го кон олтарот.
Анибал добро знаеше што треба да направи. Ја слече ленената кошула и пријде до светилиштето каде што телото на Фаусто крвареше, онака како што крвареше Исус на денот на своето распнување.
– Мораме да платиме за гревовите од денес, синко! Понуди му ја својата болка на Господ, во замена за прошка, – додаде Фаусто со насолзени очи, подавајки му го камшикот на Анибал.
Момчето го прифати камшикот од раката на својот татко, го зеде цврсто во својата десна рака, ги затвори силно очите и ја прегриза устата за да не крикне од болка откако почна да го камшикува својот грб.
Антенор седеше во летнаата кујна, ја допушуваше својата цигара со нозете кренати на масата, кога дотрча Марија Грација, задишана и испотена од константното одење по скалите на хациендата.
– Зарем вечерва ние смртниците нема да јадеме, Марија Грација?, – ја праша.
– Прости, Антенор, но немав време да подготвам и за нас вечера. Мајка е тешко болна, морам да бидам со не.
– Мех, и онака и е време за умирање на старата.
– Како можеш да кажеш така?, – го праша, треснувајки ја шерпата од камената површина. – Зарем немаш срце? Не заборавај дека Господ гледа и слуша.
– Господ?!, – саркастично праша Антенор. Стана од клупата на која седеше, го згасна пикавецот под своите нозе и пријде до својата жена. – Господ одамна заборавил на оваа зафрлена земја, жено. Што сакаше газдата од тебе?, – ја праша.
– Што ти е гајле?, – дрско му врати Марија Грација.
– Гајле ми е зошто сум ти маж, жено!, – Антенор го повиши тонот.
– Каков маж дозволува друг маж да ја ебе неговата жена?!, – смело го праша таа гледајки како се шират зениците во неговите очи.
– Господарот има право да прави со тебе што сака бидејки истиот ни дава храна и вода, јасно?! Затоа и служиш, проклета! Подобро да те ебе тебе, отколку моето девојче!, – додаде тој и ја напушти кујната.
Силната свирка на ројсот го означи пристигнувањето на хациендата на Лукреција Амарал и нејзината ќерка Алисиња. Братучетката на Естер беше штотуку вратена од Европа, беше ведра, модерна жена која важеше за црна овца во фамилијата Амарал.
Кланот Кастењон веќе беше насобран пред тремот заедно со послугата кои требаше да ги растеретат гостите од багажот. Елиса Кастењон посебно се радуваше на доаѓањето на нејзината тетка и братучетка, знаејки дека носат цел куфер подароци со модерни фустани и шапки, специјално купени за неа од Париз.
– Каква е оваа шарада?!, – праша Фаусто, огорчен како и секогаш. – Каде се видело жени да возат автомобил?
– Во Европа тоа е нормално, тате.
– Не треси глупости, Елиса.
Естер потрча во прегратката на својата роднина, која носеше најнов Диор модел во беж боја со шапка од истиот материјал и бисерен гердан преку кошулата.
– Времето како да не минува за тебе, Естер. Поминаа години а ти сеуште изгледаш како да имаш дваесет.
– Истото го мислам и за тебе, Лукреција.
– Изгледа младоликоста ни е во гени, – додаде Лукреција, смеејки се гласно.
– Лукреција, го помниш мојот сопруг, Фаусто.
– Се немаме видено многу одамна, но сеуште совршено добро те помнам, Лукреција, – рече Фаусто, поздравувајки ја гостинката.
– И јас те помнам тебе, Фаусто Кастењон. Помнам дека сите девојки беа луди по тебе, но најсреќна од нас беше мојата роднина Естер.
– Добредојде на Темпестад, Лукреција, – срдечно и посака домаќинот, поласкан од пофалните зборови.
– И каде е Анибал? Мора да ја запознае Алис.
– Специјално се подготвува за пречекот, – одговори Фаусто, знаејки дека на Анибал му е потребно време да закрепне од ударите на камшикот и дека сега е најверојатно затворен во својата соба.- Антониета, те молам, нека им помогнат со багажот на дамите.
Додека семејниот собир траеше пред тремот на хациендата, челичната порта ја отвори човекот со сини очи, кои како да беа огледало на небото. Естер го забележа прво. Тој мистериозен странец кој како крадец се искраде во двориштето носеше нешто посебно со себе. Зад неговиот заводлив поглед, полн со гордост, тој носеше надеж.
продолжува во петок…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет