Аштон Качер не ја презема само улогата на Чарли Шин во серијата „Два ипол мажи“ туку и ласкавата титула Најплатен ТВ актер, според годинешната листа на магазинот Forbes.
Сепак, разликата помеѓу нивните заработки не е занемарлива – Шин на првото место се најде со заработка од 40 милиони долари за една година, додека Качер во периодот помеѓу мај 2011. и мај 2012. година во просек заработил 24 милиони долари.
На второто место се најде доктор Хаус, односно Хју Лори, а интересно е тоа што актерот второто место го дели со Реј Роман, кој моментално не е актуелен актер, но сеуште заработува пари од правата на серијата „Сите го сакаат Рејмонд“, а секако и од франшизата „Ледена доба“ во која го глуми Мани. Минатата година двајцата заработија по 18 милиони долари.
Ивана Таневска | ТВ Пакет