Почетна / Сапуници / Започнува „Надеж“, нова потресна драма на Канал 5 во 21 часот
Актерката од "Љубов и казна". "Бунтовничка", "Конакот на агата", "Султана", "Ѓулпери" и "Парампарче" во нова драма на Канал 5

Започнува „Надеж“, нова потресна драма на Канал 5 во 21 часот

Таа е мајка. Таа е една силна жена. Таа е жена султанија, чиј живот се менува по киднапирањето на нејзината ќеркичка. Од тој момент, за Зејнеп не преостанува ништо друго освен да ја започне бурната потрага по нејзиното најмило, овојпат потпомогната од детективот Синан.


Зејнеп живееше среќен живот со нејзиниот сопруг Ахмет, синчето и ќеркичката. Но, среќниот живот се руши во моментот кога нивното чедо сосема неочекувано исчезнува на една бензиска станица.

Следните пет години, Зејнеп ќе се фокусира единствено на пронаоѓањето на Елиф, а нејзиниот брак пропаѓа кога ќе ја открие аферата на Ахмет со нејзината најдобра пријателка Мелтем. Непосредно пред киднапирањето, поранешниот сопруг на Мелтем, Зеки, е ослободен од затвор и се разгневува кога дознава дека сопругата го изневерува.

Во знак на одмазда, Зеки ја киднапирал Елиф и го оставил девојчето кај Арзу, сестрата на неговиот пријател.
Сега… за Зејнеп останува само надежта дека еден ден повторно ќе ја прегрне својата ќерка и дека тој ден сè ќе биде исто како порано. Но, некогаш надежта нема излез, па затоа таа мајка ќе се обиде и да се самоубие, ставајќи крај на големата болка по изгубеното.

И во таа безнадежна ситуација се појавува човек кој тврди дека ја нашол нејзината ќерка. Но, дали малата Суде е исчезнатата ќерка на Зејнеп?


Следува тешка битка за Зејнеп која ќе мора да ја дознае целата вистина, но истовремено и да се бори за чувствата кон детективот кои започнуваат да го распламнуваат нејзиното срце.

Растргната меѓу тагата и надежта, за Зејнеп единственото нешто за кое ќе живее и за кое ќе се надева ќе биде ќеркичката. Затоа што таа не е само една тажна жена. Таа е мајка.

Од понеделник до петок во 21 часот на Канал 5, следува најновата трогателна драма “Надеж”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!