Од понеденик до петок во 21.25 часот вклучете се во животната приказна за еден спортист и проследете ја неговата борба како вистински шампион. Ве потсетуваме како започна оваа спортска драма и од понеделник до петок бидете со Сител да ги проследите новите интересни продолженија.
Фират, со прекар Кавказ е млад и способен боксер, кој е на чекор од остварување на својот сон – да ја освои титулата во шампионатот на неговиот живот. Тоа се остварува на негова најголема радост, но, токму таа вечер, неговата жена умира откако на свет ќе го донесе нивниот син.
Пред смртта, Ејлул има само една желба – нејзиниот сакан да се откаже од боксот и да го држи синчето подалеку од тој свет и од сето она за кое таа се нервирала и грижела во текот на сите години брак.
Затоа, Кавказ решава да престане со тој спорт и својот живот да го посвети комплетно на своето синче, кое боледува од фамилијарна медитеранска треска (ФМФ), наследена од мајка си.
Годините минуваат, a болеста на малиот Ѓунеш станува сè полоша и полоша. Затоа, таткото и синот заминуваат во Истанбул по лек за детето. Кавказ нема да бира време, ни пари, ни нерви за да му помогне на синчето да ја победи тешката болест. Од врата на врата, од болница во болница, следува тешка битка за таткото за спас на своето најмило.
Но, во таа борба, сенките од минатото ќе станат повторно јаве за Кавказ, кој ќе мора да ја добие и таа следна битка… и тој следен, и следен, и следен шампионат. Ветувањето дадено на сопругата ќе мора да се прекрши, но овојпат во име на неговиот син, неговиот мал шампион.
Дани | ТВ Пакет