Старата Тили ги живееше последните мигови, стравувајки дека нема да има можност повторно да го види својот сакан син кој доаѓаше од далеку. Марија Грација, нејзината постара ќерка, седеше покрај постелата на својата мајка која одвај говореше:
– Брат ти мора да ја знае вистината…Марија Грација…Морам да ти ја кажам вистината бидејки не можам да го оставам овој свет, носејки го тој товар со мене…
– Кажи ми се што ти лежи на душа, мамичке, само нека ти олесни, – низ солзи говореше младата жена, љубејки ги студените дланки на својата мајка. – Олесни ја твојата совест пред мене.
– Енцо го пратив на север, бидејки…Бидејки не е син на твојот татко…Енцо е син на Ињаки. Енцо и Фаусто Кастењон се браќа!
Марија Грација шокирано гледаше во својата мајка. Сакаше да верува дека треската говори наместо неа, но вистината беше болна колку што беше и неприфатлива.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 3 – „Амбис“
Старата Тили ги живееше последните мигови, стравувајки дека нема да има можност повторно да го види својот сакан син кој доаѓаше од далеку. Марија Грација, нејзината постара ќерка, седеше покрај постелата на својата мајка која одвај говореше:
– Брат ти мора да ја знае вистината…Марија Грација…Морам да ти ја кажам вистината бидејки не можам да го оставам овој свет, носејки го тој товар со мене…
– Кажи ми се што ти лежи на душа, мамичке, само нека ти олесни, – низ солзи говореше младата жена, љубејки ги студените дланки на својата мајка. – Олесни ја твојата совест пред мене.
– Енцо го пратив на север, бидејки…Бидејки не е син на твојот татко…Енцо е син на Ињаки. Енцо и Фаусто Кастењон се браќа!
Марија Грација шокирано гледаше во својата мајка. Сакаше да верува дека треската говори наместо неа, но вистината беше болна колку што беше и неприфатлива.
Фамилијата Кастењон се насобра во дневната просторија, каде што догоруваше пламенот во каминот, на чашка шери и вино пред спиење, со цел да им посакаат добредојде на гостите.
– Добро, мајко како е можно никогаш да не си не запознала со најубавиот дел од фамилијата?, – праша Рикардо кој не можеше да го отргне погледот од убавата Aлисиња. Неговиот брат беше среќник, помисли момчето во себе.
– Гледам дека Рикардо го наследил шармот на својот татко, – рече Лукреција низ широка насмевка.
– Ист, – потврди Фаусто подавајки и чашка шери. – Рикардо има наследено се од мене, освен љубовта кон земјата, – додаде Фаусто, не можејки да се помири дека неговиот помлад син никогаш не покажа интерес за работа на земјата како него и неговите предци. – Рикардо студира право во Рио.
– И уште нешто, јас сум атеист, – додаде Рикардо за себе.
– Не лупај глупости, Рикардо, – го прекори Фаусто кој никогаш не го прифати фактот дека Рикардо не верува во Бога. – Да те слушне баба ти чие име го носиш, ќе се преврти во земја.
– Не ми вели дека твојата мајка се викала Рикардо, Фаусто?, – се пошегува Лукреција.
– Не биди вулгарна, Лукреција, – ја предупреди тој. – Рикарда Монтеарагон де Кастењон беше името на мојата мајка. Го крстимве Рикардо по нејзина чест. Сега, да наздравиме за вашето добредојде, – додаде Фаусто подигнувајки ја чашата со вино. – Секогаш ќе бидете добредјдени во оваа куќа се додека не го споменувате името на Пекања, – рече Фаусто кој беше голем поборник на политиката која ја водеше Нило Пекања во таа доба.
– Сепак, Фаусто по цел ден зборува за Пекања, – се пошегува Естер на сметка на својот сопруг кој беше опседнат со политиката.
Таквите зборови на неговата сопруга допреа до Фаусто.
– Кој ти дозволи така да зборуваш, Естер?, – ја праша дрско.
– Прости. Знам дека не ми е дозволено да говорам за политика.
Ваквиот однос ја изненади Лукреција, која зачудено погледна во сопружниците. Прекорниот поглед на Фаусто и покорниот поглед на нејзината роднина беа доволна причина да сфати како се поставени нештата во фамилијата.
– Јас не се согласувам со Фаусто, – рече Лукреција, оставајки ја полупразната чашка со шери на масичката. – Јас сметам дека и ние жените имаме право на свое мислење. И сигурно саум дека скоро ќе имаме право на глас.
– Не гледам која е понетата ако жените гласаат, – и се спротистави Фаусто.
– Голема е поентата, зете. Јас сакам да се слушне мојот глас, да се важи моето мислење.
Фаусто прекорно погледна во Лукреција. Од тој момент знаеше дека ќе си има проблеми со жената која не знаеше да го задржи својот јазик зад устата. Антониета која стоеше настрана го забележа бесот во очите на Фаусто. Во следниот миг во просторијата влезе Моналиса со послужавник со ужина.
– Антониета ви ги подготви гостинските соби, – додаде Фаусто.
– Не знаете каква желба имам да легнам во пенлива када и да го исфрлам сиот насобран прав од патиштата, – рече Лукреција.
– Ако сака, Алисиња може да спие во собата со мене, и онака сум сама, – се замеша Елиса, одвај чујно.
– Прости, што рече Елиса?, – потпраша Лукреција.
– Елиса е срамежлива. Сака да знае дали Алисиња би сакала да ја дели собата со неа, – праша Естер.
– Радо, – прифати девојката.
– Никако, – избувна Лукреција, изрипувајки од софата. – Проблемот е во тоа што Алисиња е толку поврзана со мене, што не би можела да спие подалеку. Зарем не е така, сакана ќерко?
Лукреција гледаше право во очите на Алисиња како да сакаше да ја хипнотизира со својот поглед.
– Вистина е, мајко, но секогаш постои прв пат за се. Би сакала да ја делам собата со тебе, Елиса.
Лукреција остана како парализирана. Стоеше така во место, додека девојките ја споделуваа својата радост. Во просторијата на крајот се појави и оној кој недостасуваше.
– Еве го и Анибал, – крикна Естер, здогледувајки го својот најстар син. – Каде беше до сега, синко?
– Простете што доцнам, но имав работа.
– Време е да се запознаат идните сопружници, – рече Фаусто. – Мојот син е роден на поле и ја обожава земјоделската работа, Алисиња.
Момчето стоеше како статуа, гледајки во девојката пред себе.
– Не туку стои така, синко и поздрави се, – го прекори Естер.
– Секако, – рече Анибал, пријде до девојката која беше договорено да му биде сопруга, ја зеде нејзината рака и ја бакна. – Мило ми е.
Алисиња гледаше во него. Ги имаше најубавите костенливи очи кој некогаш ги видела кај момче, беше згоден и убав, секоја би била среќна да има таков маж, но не и Алисиња.
Лукреција, која набљудуваше од страна си помисли колкава среќница е нејзината ќерка. Веќе можеше и да замисли колку убави ќе бидат нивните деца.
– Смееме ли да ги отвориме подароците?, – праша Естер.
– Секако, – одговори Лукреција и посегна по куферот со подароци. – Се надевам дека ќе ви се допадне.
– Ама тежи, – рече Естер, кога го зеде подадениот куфер. – Книги?!, – крикна откако на дното забележа литратура од разни поими.
Фаусто погледна во Антониета, која како и обично стоеше на страна и превртуваше со очите.
– Се надевам дека ќе ти се допаднат, – додаде Лукреција. – Оваа ми е омилена. Се работи за едно село во кое…
Разговорот беше прекинат кога во просторијата дотрча Марија Грација со суви солзи на лицето.
– Постете, – се извини задишано.
– Што се случило Марија Грација?, – ја праша Фасуто.
– Дон Фаусто…мојата мајка само што почина.
Зракот светлина од свеќата која догоруваше го осветлуваше бледото и безживотно лице на Тили Анџели, додека нејзиниот син Енцо ја оплакуваше нејзината смрт.
– Зошто моравте да ме пратите на Север, мамичке? Толку многу ми недостасуваше, – говореше, љубејки ја нејзината рака во која полека крвта престануваше да тече.
Набрзо во собата дотрча и Фаусто, следен од Марија Грација. Кога го забележа Енцо покрај креветот на покојната, за момент застана. Марија Грација ги следеше нивните погледи, со желба да ја каже вистината дека се браќа, дека се синови на ист човек.
– Не биди тажен, – молкот прв го прекина Фаусто. – Твојата мајка сега е во рацете на Господ.
– Жалам затоа што не успеав да дојдам порано, – рече Енцо, бришејки ги солзите со работ на ракавот.
– Во оваа куќа, на твојата мајка никогаш не и фалеше ништо. Затоа биди мирен, – додаде Фаусто па пријде до постелата каде што почиваше старата дадилка. – Нана Тили…Сигурен сум дека портите од Рајот ќе бидат широко отворени за тебе, – говореше, воздржувајки ги солзите. – Знаеш дека те сакам многу, стара. Многу.
Енцо, збунет од емотивниот испад на Фаусот, погледна во својата сестра, која исто така не можеше да ги сопре солзите.
Елиса ја облекуваше ноќницата во својата соба, кога без најава влезе Алисиња. Најмладата ќерка на Естер и Фаусто на себе носеше само долна облека, која ги истакнуваше нејзините долго нозе и тенка половина.
– Извини, Елиса, ќе дојдам подоцна.
– Не! Влези те молам, – инсистираше девојката.
– Изгледа дека сите ја сакале госпоѓата која умрела, – рече Алисиња, затворајки ја вратата зад себе.
– Многу, Алисиња, особено татко.
– Не би сакала да ја расипам туѓата болка, но…како ти се допадна мојот подарок?
– Многу ми се допадна. Бојата е идеална. Ќе ми одговара на повеќето фустани. Иако, не знам дали ќе му се допадне на татко.
– Зошто?
– Бидејки е малку старомоден и ограничен. Веднаш ќе ги пробам, – додаде Елиса посегнувајки по свилените чорапи кои и беа донесени како подарок.
– Тие се најнова мода во Париз, – рече Алисиња, обидувајки се да ја држи главата надолу. Полуголото тело на Елиса беше вистинско искушение за неа. Но, сепак желбата беше посилна од разумот. Чорапите лесно лизгаа по белата кожа на Елиса, додека со препоните мрдаше, барајки можност да ги навлече до половината.
– Имаш навистина убави нозе, Елиса.
– Навистина мислиш така, Алисиња?
– Да, – потврди девојката, чуствувајки како и пулсира крвта во мозокот. – Многу си убава. Претпоставувам дека имаш многу додворувачи.
– Не, ниту еден, – рече Елиса со блага меланхолија во гласот.
Лукрецијаиња не можеше да престане да се воодушевува на идеалната силуета на Елиса, додека ги закопчуваше жоржетите. Погледот и шараше по телото на девојката. Корсетот ја правеше уште потенка нејзината половина и ја притискаше кај градите, оцртувајки долга линија меѓу нив. Градите беа најубавито дел од телото на девојката. Алисиња почуствува силна желба.
– Како ти се чини?, – праша Елиса, покажувајки се во целост.
Во еден миг, Алисиња почуствува дека е способна да и се нафрли на кутрата девојка, па мораше да одглуми вртоглавица и седна на работ од креветот.
– Алисиња! Дали си добро?, – загрижено праша Елиса.
– Да, да…Сигурно ми се заврте од жештината. Мислам дека во животот не сум видела нешто поубаво…сакам да речам, многу убаво ти стојат, Елиса.
Младата девојка крикна од среќа па посегна по бокалот со вода да ја освежи својата роднина. Додека Елиса се навали по чашата а нејзината задница се отцрта како сочно јаболко пред очите на Алисиња, младата дама само ја прегриза долната усна.
Анибал читаше роман под свеќникот во својата соба, додека неговиот брат Рикардо беше расположен за разговор.
– Имаш среќа, брате. Алисиња, твојата идна сопруга е убава девојка.
– Мислиш?, – незаинтересирано праша Анибал.
– Да речеме дека во договорените бракови не секогаш избраничката е така убва мома. Можеше да биде дебела или со голем нос или уши…
– Не е се во надворешната убавина, Рикардо. Морам да ја запознаам подобро да сфатам дали ми се допаѓа.
– Но, онаа која навистина ми се допадна е фамозната Лукреција, -додаде Рикардо. – Какви облини има таа кобила.
– Мислиш на тетка Лукреција?!, – Анибал го корегираше.
– Добро, тетка ако така сакаш, но ако има нешто меѓу нас нема да биде никаков грев.
– Не можам да поверувам. Ти немаш почит кон ништо ни кон никого, Рикардо.
– Те молам, Анибал, ако не уживам сега во животот, кога?! Освен тоа, ти ја кажувам мојата фантазија. Тоа не значи дека ќе има нешто меѓу мене и неа. Иако, не би и простил. Дојди, сакам да ти покажам нешто.
Анибал немаше воља да стане од креветот. Само сакаше да продолжи да чита и да биде оставен на мира. Но, Рикардо инсистираше.
Клучалката на вратата од гостинската соба беше идеална шпиунка. Анибал го стави своето око во клучалката и погледот директно ја сними неговата тетка Лукреција, како во сатенска ноќница ги премачкува своите долги нозе со миризлива крема за еластичност. Бесен што бил приморан да се изложи на таков грев, изрипа и го зграпчи својот помлад брат за јаката.
– Како можеш да ја манијачиш родената тетка, Рикардо?! До Бога, таа жена може да ти биде мајка!
Во истиот миг, вознемирена од вревата, Лукреција ја отвори вратата. На себе носеше само сатенска ноќница, која ги истакнуваше нејзините долги нозе, додека брадавиците на нејзините големи гради удираа во сатенот.
– Има ли проблем, момци?
– Не тетко, – промрморе Рикардо, не можејки да го тргне погледот од деколтето кое нудеше две големи гради како на послужавник. – Јас и Анибал само сакавме да знаеме дали е се во ред…
– Во совршен ред момци.
Ниту Анибал не можеше да остане рамнодушен на глетката која му се нудеше. Жена со скоро двојно повеќе години од неговите, стоеше пред него искушувајки го како Ева со свето забрането овошје.
– Ако ти треба нешто, немој да се двоумиш и побарај не, – додаде Рикардо пред Анибал да го одвлечка од ходникот. Но, пред да влезе во својата соба, Анибал повторно искраде краток поглед кон дното на гостинската соба каде што сеуште стоеше таа, кокета и неодолива. Момчето почуствува како му црвенеат образите и како го совладува неочекувана ерекција па набрзина влезе во својата соба.
Фаусто и Енцо се повлекоа во пространата библиотека, каде што Фаусто го послужи гостинот со пијалок и понуди погребот на Тили да биде на сметка на фамилијата Кастењон, како благодарница за поминатите години на старицата во фамилијата.
– Ви благодарам на понудата, господине Кастењон, но наша должност е да ја закопаме мајка.
– Изгледа дека не бев доволно јасен, Енцо. Погребот е моја должност и се е подготвено за истиот.
– Вие не и должите ништо на мојата мајка, газда. Таа само си ја вршеше својата работа.
– Грешиш, Енцо. Нана Тили не беше само една од послугата во мојава куќа. Беше многу повеќе за мене. Дали ти е тешко да го разбереш тоа?
– Не, газда, но би сакал да ја закопам во нејзиното тело, на нејзината земја…
– Не ми вели дека имаш пари да ја одведеш во Италија?! Колку што знам тоа беше нејзината земја.
– Не мислев на Италија. Туку на Пефето, селото каде што израсна пред да дојде тука.
– Нана Тили ќе остане тука, на Темпестад, бидејки ова беше нејзината земја, – одлучно додаде Фаусто.
Нивниот дијалог беше прекинат кога во библиотеката влезе Естер. Не можеше убаво да види со кого зборува нејзиниот сопруг бидејки странецот беше завртен со грб кон неа.
– Антониета рече дека си ме барал, Фаусто.
– Естер, ова е Енцо Анџели, синот на нана Тили.
Кога Енцо се заврте, Естер го препозна човекот кој претходно го имаше видено во градината. Беше оној човек со најпродирните сини очи кој ја жигосуваа со својот поглед.
– Мило ми е, госпоѓо, – рече Енцо.
– Исто и мене, господине Анџели, – одговори Естер низ блага насмевка.
продолжува во понеделник…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет