Нургул Јесилчај направи радикална промена со својот изглед, Една од најголемите sвезди на турската кинематографија, препознатлива по улогите во сериите, ја промени бојата на косата и стана русокоса.
Пред една недела, 45-годишната актерка беше забележана од папараците на излегување од фризерски салон во истанбулската област Бебек. Откако помина повеќе од 6 часа во него, Нургул излезе непрепознатлива и поинаква.
Во меѓувреме, се дозна дека Нургул Јесилкај ја смени бојата на косата за нејзиното претстојно учество во нов проект. Сепак, таа не даде детали за новата серија.
Инаку моментално, актерката од “Љубов и казна”, “Бунтовничка”, “Парампарче”, “Ѓулпери”, “Конакот на агата” и “Султана” е актуелна по главната улога во потресната драма на Канал 5 – “Надеж”, која ја следите од понеделник до петок во 21 часот.
Дани | ТВ Пакет