Во петок на 27.08.2021 г. во 20ч. во пресрет на големиот православен празник Голема Богородица, како и секоја година на сцената во Лешочкиот манастир, ќе се одржи Лешочкиот Фолк Фест со познати уметници од македонската музичка сцена и нови музички рефрени. Единствената автентична културна манифестација која се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво и оваа година настојува да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција.
Фестивалот ќе го снима медиумскиот покровител ИНТВ Сателитска ТВ (ИН Продукција) и одложно ќе се емитува на сите локални и регионални телевизии и на Националната Тв Сонце. Фестивалот ќе можат да го проследат и гледачите, и обожувачите на македонската песна во Америка, Австралија, Канада и Европа.
Дани | ТВ Пакет