Во срцето на Анадолија, далеку на Истокот се раѓа безвременска приказна за една голема љубов родена од поривот на една голема омраза.
“Одмазда” е серија во која љубовта ќе стане заробеничка на строгите правила на традицијата и ќе тлее под страшните окови на суровоста.
Аманетот даден во име на љубовта кон брата си ќе ја води младата девојка на патот на одмаздата.
А одмаздата ќе го заслепи нејзиното срце, кое допрва треба да научи вистински да сака. Изгубената чест ќе треба да се врати, а заклетвата дадена на гробот на братот да се исполни.
Наградувана анадолиска приказна, обожувана кај традиционалната турска публика следува веќе од понеделник на Канал 5.
Дани | ТВ Пакет