Почетна / Сапуници / Среќа или тага за малиот „Чоџук“, дознаваме во финалето на Сител

Среќа или тага за малиот „Чоџук“, дознаваме во финалето на Сител

Во големото финале на динамичната серија за темните тајни на моќното семејство Карасу, дознаваме како завршуваат приказните на овие ликови. Доаѓа крајот за “Чоџук” на Сител.


Фактот дека Акче доби старателство над синот Ефе, кого го предаде на богата жена при раѓање, има длабоко влијание врз животот во вилата на семејството што го посвои малото дете пред неколку години. Но и влијае кај самото детенце, кое од сега треба да живее во нов дом и со нови родители.

Како Ефе ќе ги прифати Акче и Хасан за свои родители? Дали таткото на малиот чоџук, како и пред многу години, ќе се препушти на бесот и ќе ги помине најдобрите години од својот живот во затвор, или ќе извлече поука од минатото и ќе се врати кај својот син и саканата сопруга што го чекаат дома?

Драмата завршува оваа недела на телевизија Сител, а веќе од следниот викенд бидете подготвени за нешто сосема ново. Нешто сосема поинакво, романтично и секси како што само Сител може да понуди за припадничките на понежниот пол.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!