Почетна / Сапуници / „Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

„Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 ќе се емитува “Додека селото спие”, руска теленовела снимена во 2013-та година во 270 продолженија. Во продолжение прочитајте ја сторијата за една голема руска љубов :

Во едно зафрлено козачко село живее прекрасната млада селанка Мариса Сотник, израсната покрај неизмерната љубов од својот татко кој ги остварува секоја нејзина желба и хир.

Судбината ја поврзува со младиот благородник Степан, кој доаѓа во селото бегајќи со својата сакана Аљона, за девојката да не биде насилно омажена со богатиот, но омразен од неа трговец, Пјотр Колеванов.

Родителите инсистираат да ја омажат за трговецот, бидејќи овој брак ќе им обезбеди добра иднина за нивната ќерка, а тие самите ќе можат да ја подобрат својата финансиска состојба на сметка на зетот.

Откако ќерката ќе избега од дома со Степан, засраменото семејство се крие во „глувчешка дупка“, верувајќи дека Аљона никогаш повеќе нема да може да се омажи, но Пјотр Колеванов одлучува да не се откаже од убавицата и ветува дека ќе ја врати „идната невеста“ дома и насилно ќе ја направи негова сопруга.

 

Степан и Аљона, криејќи се од гневот на своите родители, со цел тајно да се венчаат, изнајмуваат куќа кај една селанка претставувајќи се како брат и сестра. За негова и несреќа на Аљона, Степан ја спасува Мариса од сигурна смрт пред коњите да излетаат во бездна.

Мариса се вљубува во својот спасител на прв поглед и е подготвена да се омажи за ова убаво момче под секакви околности. Но, тој е во селото со неговата сака Аљона и неговите очи не гледаат друга девојка во тој момент.


Соочена со недвосмисленото отфрлање на Степан, Мариса решава да му се одмазди. Манипулирајќи го своето семејство, Мариса ќе успее да се омажи за Степан на сила, но таа никогаш нема да ја добие неговата љубов.

Аљона ќе преживее натчовечките страдања и пеколни маки, но никогаш нема да престане да го сака Степан, иако нема да сака да му го растури бракот со Мариса.

Улоги : Зоряна Марченко (Maриса), В’ячеслав Дробинков (Степан), Катерина Олькіна (Аљона), Олександр Мохов (Пjотр)​

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!