Како што пренесуваат бројните медиуми во Соединетите Американски Држави, кралицата на попот Мадона успеа да ги налути сите во Колорадо кога во четвртокот, 18. октомври, на својот концерт одржан во салата Pepsi Center во Денвер се појави со револвер.

Публиката смета дека нејзината постапка е особено непримерна поради страшниот масакр во малиот град Аурора што пред три месеца го приреди психопатот Џејмс Холмс на полноќната премиера на „The Dark Knight Rises“, кога со огнено оружје уби 12 и рани 58 лица. Според зборовите на очевидците, кога Мадона го извадила пиштолот на сцена многумина од посетителите на концертот веднаш ги повикале локалните медиуми и сите заедно почнале да протестираат.
„Вистина е дека има прилично многу насилство во првиот дел од моите концерти, и често се користи и насилно оружје – но, оружјето овде се користи како метафора. Јас не го поддржувам ниту насилството, ниту пак користењето на оружје“, порача Мадона.
Ивана Таневска | ТВ Пакет