Почетна / Сапуници / Ферхунде во новата психолошка драма „Невиност“ на Канал 5
"Невиност" - нова турска мини серија од понеделник до петок на Канал 5

Ферхунде во новата психолошка драма „Невиност“ на Канал 5

Нова играна серија во 22.30 часот на Канал 5.

Приказна за обичен живот на една обична мајка и навидум обична ќерка. Нивната судбина ја запечатува една трагедија и момент кога ќерката Ела е пронајдена скоро мртва, фрлена на пат, искористена, злоупотребена.

Од тој момент, започнува период во кој вистината ќе биде измешана со лагата, а невиноста отвора сомнеж за што навистина се има случено.
Бахар, мајката на Ела го обвинува Илкер за тоа што ѝ се случило на нејзината ќерка. Бахар знае дека Ела несвесно и неконтролирано се заљубила во тој човек кај кого стажирала, иако тој бил верен со друга девојка.

Тајкунот Илкер завршува во затвор, непосредно пред неговата венчавка. Од една страна ја гледаме Бахар, која нема да бира средства да се избори за правда на својата ќерка и да ја докаже вината на Илкер, а од друга страна е мајката на Илкер, Хале која како лавица ќе го брани синот од нападите насочени кон него.

Манипулациите на корумпираното семејство на Илкер добиваат на интензитет, а Ела е таа која повторно станува жртва на сопствената невиност и разумност во една таква битка по докази.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!