Оваа сезона 2021/2022, во прајмтајм на Телма ќе се прикажува американската полициска серија “Тешки злосторства”. Се работи за спин оф на “Разоткривање” (The Closer), која пред неколку години исто така беше емитирана на оваа фреквенција.
Со ненадејното заминување на заменик -шефот на полицискиот оддел во Лос Анџелес, Шерон Рејдор се соочува со нов предизвик – да застане на чело на Одделот за тешки злосторства. Како прво, бидејќи е поранешна службеничка за внатрешни работи, многу членови на нејзиниот тим не ѝ веруваат.
Дополнително, контроверзните нови правила што ќе ги воведе како шеф на Одделот доведуваат до несакани последици и тоа директно на местото на злосторството. Конечно, новата нејзина политика за заштеда на трошоци преку преговарања и договарања со насилните криминалци наместо да извлече признанија од нив, генерира дополнителна огорченост меѓу највисоките службеници, особено кај детективот Провенца.
Следуваат низа тешки злосторства кои овој оддел ќе мора да ги реши преку макотрпна работа и труд за на крајот сите заедно да го слават заедничкиот успех од секоја завршена истрага.
Дани | ТВ Пакет