Во еден белградски клуб во вторникот се случила голема тепачка, и тоа поради старлета! Двајца момци коишто истовремено фрлиле око на Сораја Вучелиќ решиле физички да се пресметаат. Тепачката настанала кога старлетата го одбила флертувањето на анонимното момче поради дечкото со којшто била во клубот.
„Сораја во клубот пристигнала со другарките и некое машко друштво, се било во ред се додека во еден момент не пришол еден дечко кој сакал да се запознае со неа. Таа само му подала рака и му рекла да се оддалечи затоа што еден од момците што е со неа е многу љубоморен. Но, тој ни по предупредувањето не сакал да се оддалечи, па дечкото што бил со Сораја во клубот скокнал и му наредил да си оди“, вели изворот.
Настанала општа тепачка кога се вклучило и обезбедувањето што ги исфрлило момците од клубот, а Сораја и своите другарки веднаш заминале дома. Старлетата не сакала да го коментира овој немил настан. „Ве молам немојте да пишувате за тоа. Немам никаков коментар“, изјавила Сораја.
Ивана Таневска | ТВ Пакет