Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (4-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (4-то продолжение)

Фаусто застана покрај својата сопруга, како да сакаше да му потенцира на странецот дека таа убава жена е негова сопственост.
– Навистина жалам за загубата на Вашата мајка, – рече Естер, не можејки да го отргне погледот од шармантниот странец. – Беше неверојатна жена.
– Ви благодарам, госпоѓо.
– Ако пречам во нешто, можам да се вратам подоцна, Фаусто, – рече.
– Не, Енцо и јас расчистивме што требаше. Можеш да одиш, – му рече.
– Добра ноќ, – додаде Енцо и ја напушти просторијата.
– Што сакаше?, – Естер го праша својот сопруг кога останаа сами.

 

Mинатата недела, читавте:

 На големата хациенда Темпестад умира нана Тили, откривајки и ја својата голема тајна на својата ќерка Марија Грација; Енцо и Фаусто се синови на ист човек.
 
Самaта појава на Енцо на Темпестад, предизвикува револт и бес кај Фаусто, без поголема причина. Од друга страна пак, сопругата на Фаусто, Естер не може да му одолее на згодниот странец, како ни тој на неа.
 
Пристигнувањето на Лукреција и Алисиња, роднините на Естер подеднакво ќе наиде на неодобрување кај Фаусто кој се противи на слободниот живот кој го водат жените.

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 4 – „Агонија“

 

Фаусто застана покрај својата сопруга, како да сакаше да му потенцира на странецот дека таа убава жена е негова сопственост.
– Навистина жалам за загубата на Вашата мајка, – рече Естер, не можејки да го отргне погледот од шармантниот странец. – Беше неверојатна жена.
– Ви благодарам, госпоѓо.
– Ако пречам во нешто, можам да се вратам подоцна, Фаусто, – рече.
– Не, Енцо и јас расчистивме што требаше. Можеш да одиш, – му рече.
– Добра ноќ, – додаде Енцо и ја напушти просторијата.
– Што сакаше?, – Естер го праша својот сопруг кога останаа сами.
– Да ја закопа нана Тили во нејзиното село. Мора да полудел, – одговори Фаусто посегнувајки по она што беше останата во чашката со пијалок.
– Мене ми е логично, – рече жената.
– Никој не го побара твоето мислење, Естер.
– Прости.
– Каде е Лукреција?
– Во својата соба, – одговори Естер, седнувајки на софата.
– За неа и сакав да зборуваме. Не ја сакам овдека.
– Но, Фасуто, веќе се договоривме…
– Да, знам, но нејзиниот начин на живот е толку различен од нашиот. Не сакам да станеш како неа.
– Не грижи се, – го тешеше. – Тоа нема да се случи. Јас и Лукреција сме одгледани на различен начин.
– И сакам да ги запалиш книгите кои ти ги подари.
– Зошто?
– Бидејки тие книги можат да ти го исперат мозокот, Естер, – одговори тој, седнувајки крај неа на софата. – Верувај ми, знам што зборувам.
– Но, како да ги запалам кога ми се подарок?
– Не грижи се, јас ќе се погрижам за нив.

Неколку мигови подоцна и книгите веќе гореа во пламен, во задниот двор пред лицата на Фаусто и Естер кој ги осветлуваше пламенот оган.
– Немој да плачеш, Естер, – рече тој, притискајки ја за рамениците. – И заблогодари му на бога што имаш сопруг како мене.
Таа се ослободи од стисокот на неговите раце и низ солзи потрча кон куќата.

Силното утринско сонце го најави раѓањето на новиот ден. Енцо, пријде до реката која минуваше во близина на оградата на Темпестад со цел да се освежи. Застана на една карпа и го изми лицето со студената речна вода која му ги разбистри мислите. Неговите сини очи беа како одраз на небото, забележа Естер која шеташе тоа утро и го забележа синот на старата домарка. И беше потребна таа прошетка по непроспаната ноќ. Една од многуте неспиени ноќи кои ги имаше откако се омажи за Фаусто. Неговиот деспотски и доминантен став беше една од причинити која често и го крадеше сонот. Енцо забележа нечија сенка и го заврте погледот.
– Господине Анџели…Од каде вие тука?
– Кога бев дете и кога бев тажен, често доаѓав овде.
– Каква коенциденција…И јас го правам истото.
– И зошто сте тажна?
– Тоа не е нешто што треба Вас да ве засега…, – одговори Естер и пред да се заврти и да замине, се препна на еден голем камен и падна на земјата. Енцо пријде да и помогне.
– Дозволете ми госпоѓо Кастењон…
Ја подигна во своите силни раце. Држејки ја така за половината, Естер ги почуствува неговите врели дланки на својата половина, додека тој и го крадеше погледот.

Првото нешто кое Анибал го стори тоа утро беше посетата на капелата каде што клекна пред распетието на Исус да се помоли за својот грев.
– Боже, те молам ослободи ме од ова нечисто искушение кое ме фрла во грев.
Додека се молеше пред олтарот, почуствува нежна, женска рака на својот грб и нежен, предизвикувачки глас како го дошепнува неговото име.
– Анибал.
– Тетка Лукреција, – крикна момчето гледајки во жената до себе. –Не знаев дека има некој тука. Верував дека сум сам.
– Немој да речеш дека си единствениот кој сака да шпиунира. Не ми кажа дали ти се допадна она што сношти го виде, шери?, – кокетно го праша жената, напучувајки ги своите сензуални усни.
Анибал почуствува бран на студена пот како го обзема.
– Не плаши се момче, не касам, – додаде жената, ставајки ја својата рака на неговите препони.Полека чуствуваше како го обзема ерекција, па го опфати околу главата и страсно го бакна. Ги љубеше неговите усни со сензуалност како што ниедна друга жена претходно ги немаше љубено.

Рацете на Енцо ја држеа нејзината половина, додека дланките на Естер лежеа на неговите цврсти гради.
– Дали сте добро, госпоѓо Кастењон?, – ја праша додека нивните лица и тела беа толку близу што таа можеше да ја почуствува топлината на неговиот здив.
Се обиде да се ослободин од неговите раце и да застане на сопствени нозе, но голема болка и го јадеше коленото, па повторно се потпре на неговото тело барајки помош. Тој ја подигна за нозете и одеднаш целото нејзино тело се најде во неговите раце.
– Но, што правите?
– Баравте помош…- одговори тој чуствувајки ја топлината на нејзинот тело, влажниот поглед во нејзините очи…Беше на чекор да ја бакне кога слушна коњски топот и до нив пријде Фаусто, на својот коњ, со вперен пиштол.
– Пушти ја мојата жена или ќе пукам! Пушти ја!

Естер легна на својот кревет, додека Антониета и ја преврзуваше раната на коленотот со билни тревки и завој.
– Сакате ли да останам со неа, Фаусто?, – го праша својот газда откако ја преврза раната и ја подигна ногат на Естер врз потпирач.
– Не јас ќе се погрижам за неа, ти благодарам, Антониета.
– Можеби е најдобро да ја оставите сама за да одмори.
Тоа беше она што Естер најногу го сакаше во тој момент. Да биде оставена сама.
– Реков да не оставиш сами, Антониета!, – и нареди Фаусто повишувајки го тонот на гласот.
Антониета покорно ја напушти собата.
– Не ми се допаѓа кога така ја третираш, – му рече Естер на својот сопруг откако останаа сами. – Не заборавај дека Антониета е дел од мојата фамилија.
– Антониета е само уште една од вработените на оваа хациенда. Ништо повеќе. И дадов работа за да и помогнам. Но, да не зборуваме сега за неа. Не сакам уште еднаш да се повтори тоа што го видов, Естер! Да не си отишла подалеку од оградата на оваа хациенда, дали сум јасен?!
– Жалам…Ми беше потребен свеж воздух.
– Свеж воздух? Зошто? Што е тоа што толку те загушува овде?
– Не требаше да ги запалиш моите книги, – одговори таа не можејки да ги сопре емоциите кои ја навладеаа.
– Ги запалив за да ти помогнам! Тие книги се полни со вулгарност и богохулие! Ништо подобро не ни очекував од Лукреција.
– Тие книги ќе беа моја одлична занимација кога немам што да правам, Фаусто.
– Тогаш најди си нова занимација. Исто така, не сакам да те гледам со странци. Дали сум јасен?
– Енцо не е странец…
– За тебе е странец! Замина од тука како дете. Слушај ме добро, Естер. Сослушај ме добро што ќе ти кажам, – рече тој, седнувајки до неа на креветот. – Научи да не им веруваш на луѓето. Ѓаволот знае да се појави во секаков облик. А ѓаволот само сака да наштети, не го заборавај тоа. Се чуствуваш ли подобро?, – ја праша со посмирен тон, и надеж дека неговите зборови ќе останат запомнети. Ја стави раката под нејзината потсуќна, допирајкија за препоните.
– Сеуште си најубавата жена која сум ја видел, Естер. Најубавата…
Почна да ја љуби по вратот, раскопчувајки ја нејзината кошула. Естер се обиде да се отргне, но знаеше дека одбивањето само повеќе ќе го разбесне. Ја стави едната рака помеѓу нејзините нозе, додека со другата го раскопча својот патент од панталоните.
– Фаусто, те молам…
Но, како и обично, тој остануваше нем на нејзините молења и преколнувања.
– Не заборавај дека јас сум единствениот маж кој може да те добре, Естер! Единствениот!
Нова солза се лизна преку нејзиното лице додека тој грубо навлегуваше во неа, оставајки ја со горчлив вкус во усните.

продолжува во среда…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!