Прва скопска МТМ и останатите регионални телевизии ќе ја емитуваат мини серијата “Првите” во американско-британска продукција со Шон Пен во главната улога.
Oва е серија за неколкумина астронаути и нивните фамилии. Тие се наоѓаат пред голем предизвик – да се стапне на Марс. Подготовките за стапнувањето на оваа планета, за оваа екипа ќе претставува и превземање на први чекори кон меѓупланетарна колонизација во иднина.
Како ќе се одвива планираната акција на астронаутите, гледаме секоја недела на МТМ и регионалните телевизии во 22 часот.
Дани | ТВ Пакет