Почетна / МК Сцена / Тој манијакално краде музика од турски серии

Тој манијакално краде музика од турски серии

 

Деновиве сите „уживаме“ во хитот на Рубин Благадуша, песната Верував во твоите очи чија музика е украдена од турската серија „Езел“. Но претходно, тој во своето родно место палеше и жареше со уште едно украдено дело, и тоа, замислете, повторно од турска серија! Имено, Благадуша ја има украдено и музиката од серијата „Под сенката на врбите“, ја испеал, па дури снимил и спот за неа.

 

 

Манијата околу турските серии е се поголема, а мозочниот капацитет на македонскиот народ да се бори против сиот шунд, очигледно, се помал. Во продолжение го слушаме Благадуша со песната Принцеза, а потоа веднаш ја споредуваме со насловната нумера од  „Под сенката на врбите“.

 

 

 

За оние што пропуштија еве го линкот што води до неговата украдена музика од „Езел“.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!