Почетна / Сапуници / Подгответе се… ексклузивно на Сител доаѓа феноменот „Дива“

Подгответе се… ексклузивно на Сител доаѓа феноменот „Дива“

Во далечните вилаети и подзаборавени руини на Анадолија се раѓа вековната легенда за една невозможна љубов. Онаму каде срцето ја слуша само заповедтта на традицијата и одбраната на честа е посилнa од разумот, токму таму љубовта ќе стане нивна религија.

Битка меѓу две семејства која ќе пролее многу крв и ќе донесе многу солзи, но и битка која ќе ги открие долго чуваните тајни и ќе ја издигне љубовта над сè друго.

Љубовта на дивата Рејан и маркантниот Миран која станува посилна од судбината и дадените аманети. Љубов која во оковите на традицијата и безнадежноста, станува невозможна, бескрајна и вечна.

Од идната седмица, премиерно и во Македонија – феноменот “Дива” на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија, драмски мелодрами не се емитуваат на државната тв

За љубителите на дневни фамилијарни и романтични саги, секоја државна телевизија во целиот регион одвојува …

error: Содржината е заштитена!