Со помош на модерна технологија, група меѓународни археолози навлегуваат во деловите на пирамидите во кои сè уште не зачекорилo човечкото стапало. Камерите на истражувачите минуваат низ заборавени ходници, откривајќи непознати гробници и мумии стари 3.000 години.
Осум нови едночасовни епизоди ќе нè доближат до сите маки на стручњаците кои ќе мораат да се справат со непристапниот терен и африканските горештини на патот до историските откритија.
Изгубените богатства на Египет, од 6 ноември – сабота во 22:00 часот.
Дани | ТВ Пакет