Почетна / Сапуници / „За семејството!“, нова потресна драма на Канал 5 во 21:30 часот

„За семејството!“, нова потресна драма на Канал 5 во 21:30 часот

Од понеделник до петок на Канал 5 телевизија ќе се емитува најновата серија од Турција. “За семејството!” е трогателна сага за несреќните сирачиња, која публиката ја спореди со мега хитот “Ангели”.

Oва е сторија за едно скромно и среќно семејство. Мајка, татко и четири деца. Четири ангелчиња, четири сложни браќа и сестрички кои беа тука сите за еден и еден за сите. Но, големи трагедии го одбележаа животот на ова семејство и оставија лузни на нивната иднина.


Еден ден, додека е на работа, чистејќи ја куќата на богатиот господин Акиф, мајката на ова семејство ќе го фати Акиф во кревет со љубовницата.

За оваа мајка, тоа е голем шок и истото му го пренесува на својот сакан сопруг по телефон, кој пак работи во фабриката на Акиф, макотрпно и пожртвувано само за да им обезбеди парче леб на своите деца.

Злобниот Акиф не сака да се дознае вистината за неговото неверство и ја повикува мајката во неговата кола, но тогаш се случува сообраќајна несреќа и мајката завршува во болница. Истовремено, таткото оди кај Акиф и го напаѓа за тоа што ѝ се случило на неговата сопруга.

Во таа кавга, во одбрана на своето его и статус, Акиф го турка овој сиромашен човек од градилиштето и тој умира. Истовремено, во болницата умира и неговата сопруга.


Така четирите деца остануваат сирачиња. Без мајка, без татко, препуштени сами на себе, препуштени на виорот на суровата судбина што беше немилосрдна кон нив.


Кадир, Омер, Асије и Емир … ова се новите ангели, чија потресна судбина никого нема да остават рамнодушен. За нивните солзи и огромната загуба виновен е Акиф, кој не сакајќи некој да се посомнева во тоа што го направил, решава да ги згрижи овие деца и да им понуди поинаков начин на живот.

Од трошната куќичка и отвореното небо под кое спиеја, сега следува тронка надеж за овие четири деца. Акиф ќе ги запише во богато училиште, каде проблемите за нив допрва започнуваат.

Опкружени со разгалени деца, за нашите четири ангели доаѓа тестот на животот каде мора да опстанат, мора да издржат, мора да продолжат понатаму и тоа само и само во име на семејството. Само за семејството!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!