Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Овој викенд се отвора највеселата „Мерак меана“ на Сител

Овој викенд се отвора највеселата „Мерак меана“ на Сител

Нова сезона и нови мераклиски дружби.

Со најпознатите фолк рефрени во “Мерак меана” повторно ќе уживаме секоја сабота и недела  на Сител во 17 часот. Седенка ќе се збира за бескрајна рапсодија на боемите. Седенка во која мераклиите мерак песни од срце ќе испеат, песни што душа ќе разгалат, песни што се паметат и мерак дружби што се прераскажуваат.

Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Јованка Житарова, Даце Николовски, Ибуш Ибраимовски, Далибор Гошик, Сани, Душко Георгиевски, Кате Брезева и Соната, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Перо Христов, Кате Танева – Нели ти реков, Спасен Силјановски, Даниела Темелковска, Дамјан Стојановски, Нино Величковски, Бојана Атанасовска, Ферус Мустафов, Благица Калева, Петар Нечовски, Стојне Николова, Интервали, Ирена Вељовска, Сања Ристеска, Елена Велевска, Сузана Спасовска, Ирена Спасовска и уште многу други мерак пејачи и инструменталисти кои ќе направат вашето викенд поладне да биде со игра и песна.

Главни на сцената на меаната се Скопските Боеми и главниот мерак мајстор Трајче Толевски – Мајка.

Викенд релаксација со македонски фолк ноти на Сител.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова сезона од фолк емисијата „На здравје“ секоја недела на Алфа

Четвртта сезона од музичката фолк емисија “На здравје” на Алфа телевизија. Секоја недела од 16.15 …

error: Содржината е заштитена!