Доколку сакате да се информирате за програмската шема на Алфа телевизија и го посетите нејзиниот веб сајт, тогаш сигурно ќе добиете погрешна информација.
На веб страната на телевизијата во делот за “Програма” сè уште стои турската серија “1001 ноќ” која веќе три месеци е завршена и не се прикажува на оваа фреквенција во прајмтајм. Во 23.30 часот ја пишува српската сапуница “Вистини и лаги”, која исто така долг период ја нема на Алфа затоа што одненадеш беше укината.
Очигледно никој не ја ажурира програмската шема на телевизијата на веб страната каде стои и турската серија “Кога лисјата паѓаат”, која исто така е веќе завршена со реемитување на Алфа.
| ТВ Пакет