Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (5-то продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (5-то продолжение)

Естер легна на својот кревет, додека Антониета и ја преврзуваше раната на коленотот со билни тревки и завој.
– Сакате ли да останам со неа, Фаусто?, – го праша својот газда откако ја преврза раната и ја подигна ногат на Естер врз потпирач.
– Не јас ќе се погрижам за неа, ти благодарам, Антониета.
– Можеби е најдобро да ја оставите сама за да одмори.
Тоа беше она што Естер најногу го сакаше во тој момент. Да биде оставена сама.
– Реков да не оставиш сами, Антониета!, – и нареди Фаусто повишувајки го тонот на гласот.
Антониета покорно ја напушти собата.
– Не ми се допаѓа кога така ја третираш, – му рече Естер на својот сопруг откако останаа сами. – Не заборавај дека Антониета е дел од мојата фамилија.

 

Одмазда – љубов и смртна казна

Продолжение 5 – „Посета во капелата“

 

Естер легна на својот кревет, додека Антониета и ја преврзуваше раната на коленотот со билни тревки и завој.
– Сакате ли да останам со неа, Фаусто?, – го праша својот газда откако ја преврза раната и ја подигна ногат на Естер врз потпирач.
– Не јас ќе се погрижам за неа, ти благодарам, Антониета.
– Можеби е најдобро да ја оставите сама за да одмори.
Тоа беше она што Естер најногу го сакаше во тој момент. Да биде оставена сама.
– Реков да не оставиш сами, Антониета!, – и нареди Фаусто повишувајки го тонот на гласот.
Антониета покорно ја напушти собата.
– Не ми се допаѓа кога така ја третираш, – му рече Естер на својот сопруг откако останаа сами. – Не заборавај дека Антониета е дел од мојата фамилија.
– Антониета е само уште една од вработените на оваа хациенда. Ништо повеќе. И дадов работа за да и помогнам. Но, да не зборуваме сега за неа. Не сакам уште еднаш да се повтори тоа што го видов, Естер! Да не си отишла подалеку од оградата на оваа хациенда, дали сум јасен?!
– Жалам…Ми беше потребен свеж воздух.
– Свеж воздух? Зошто? Што е тоа што толку те загушува овде?
– Не требаше да ги запалиш моите книги, – одговори таа не можејки да ги сопре емоциите кои ја навладеаа.
– Ги запалив за да ти помогнам! Тие книги се полни со вулгарност и богохулие! Ништо подобро не ни очекував од Лукреција.
– Тие книги ќе беа моја одлична занимација кога немам што да правам, Фаусто.
– Тогаш најди си нова занимација. Исто така, не сакам да те гледам со странци. Дали сум јасен?
– Енцо не е странец…
– За тебе е странец! Замина од тука како дете. Слушај ме добро, Естер. Сослушај ме добро што ќе ти кажам, – рече тој, седнувајки до неа на креветот. – Научи да не им веруваш на луѓето. Ѓаволот знае да се појави во секаков облик. А ѓаволот само сака да наштети, не го заборавај тоа. Се чуствуваш ли подобро?, – ја праша со посмирен тон, и надеж дека неговите зборови ќе останат запомнети. Ја стави раката под нејзината потсуќна, допирајкија за препоните.
– Сеуште си најубавата жена која сум ја видел, Естер. Најубавата…
Почна да ја љуби по вратот, раскопчувајки ја нејзината кошула. Естер се обиде да се отргне, но знаеше дека одбивањето само повеќе ќе го разбесне. Ја стави едната рака помеѓу нејзините нозе, додека со другата го раскопча својот патент од панталоните.
– Фаусто, те молам…
Но, како и обично, тој остануваше нем на нејзините молења и преколнувања.
– Не заборавај дека јас сум единствениот маж кој може да те добре, Естер! Единствениот!
Нова солза се лизна преку нејзиното лице додека тој грубо навлегуваше во неа, оставајки ја со горчлив вкус во усните.

Назад во својата соба, клекнат на колена пред својата постела, со молитвеник во рацете и страв во очите и гласот кој му трепереше, Анибал се молеше одново за да биде ослободен од искушенијата кој му ги донесе животот.
– Оче, те молам прости ми за тоа што го чуствувам. Прости ми што не можам да го контролирам своето тело…
– Анибал!, – довикна по него Елиса, кога влезе во собата.
– Остави ме сам, те молам, – ја замоли својата сестра.
– Што ти е, Анибал?
– Се молам, зарем си слепа?, – ја праша дрско.
– Анибал, не зборувај така со мене!
– Прости…прости ми.
– Дојдов да ти кажам дека Алисиња те чека да одите на прошетка, како што сте се договориле.
– Алисиња?, – помисли тој гласно , заборавајки на таа прошетка, како што беше заборавил и на девојката.
– Анибал, дали си добро?, – го праша Елиса, загрижена за состојбатa во која се наоѓаше нејзиниот брат. Беше блед и се препотуваше, како никогаш претходно.
– Мислам дека не сум, – одговори тој, превиткувајки се за стомакот.
Елиса пријде до него и со раката го допре за челото.
– Анибал, гориш! Имаш температура!
– Ќе одморам малку, ќе ми помине.
– Во списание читав дека мажите со такви симпотми почнуват да страдаат од импотенција.
– Какви бесмислици говориш, Елиса? Верувај ми, не страдам од импотенција.
– Се надевам дека е така, брате. И што да и кажам на Алис?
– Кажи и дека не се чуствувам добро, дека имам температура…оди ти со неа. Те молам, Елиса. Требаше да и ја покажам хациендата. Стори го тоа ти за мене. Јас не можам да станам од постела, Елиса. Те молам, остави ме сам.

Кристина и нејзиниот брат Енцо се држеа во цврста прегратка, кога младата жена дојде на хациендата тоа утро, откако слушна за смртта на својата мајка.
– Кристина, толку многу копнеев да те видам, сестро.
– Ај, Енцо, брате мој…, – крикна жената држејки се цврсто за прегратката на својот брат.
– Енцо, – извика Марија Грација која беше сведок на емотивната средба. – Оваа жена не е добредојдена на ова хациенда.
– Зошто?, – Енцо ја праша другата сестра, Марија Грација, сеуште држејки ја Кристина за половината.
– Бидејки нашата покојна мајка се откажа од неа.
– Зарем и ти се срамиш од мене, Марија Грација? Од родената сестра?
– Зошто не се вратиш онаму од каде што дојде, Кристина?!

Во агонија и очај, Фаусто клечеше пред олтарот на капелата и се молеше за прошка, како и по обичај секој пат кога ќе и нанесеше бол на својата жена.
– Оче наш кој си на небесата, нека се слави името твое. Божјата волја…
Оденаш почуствува силен ветар кој ја отвори вратата од капелата и светата просторија се исполни со листови, а силниот ветар ги изгасна свеќите. Фасуто почуствува силна рака на своето рамо и кога го заврте погледот преплашено се соочи со прекорниот поглед на својот покоен татко.
– Кога ќе научиш да ги почитуваш жените?
– Зошто ми зборуваш така, татко?
– Се што правиш го правиш погрешно. Не заслужуваш да го носиш моето презиме. Никој не те почитува…
– Не е вистина!
– Не ми противречи, беднику! Ти не си добар за ништо! Ти си бедник! Бедник!
Старио Ињаки посегна по својот ремен и почна да го камшикува грбот на својот син. Сета нанесена болка Фаусто ја манифестираше гризејки си ја раката, додека се обидуваше да го задржи бесот во себе.
– Фаусто!, – крикна Естер кога влезе во капелата и го забележа својот сопруг покрај олтарот во грчевита положба. – Фаусто, што ти е? Одговори ми те молам!
Кога тој ги отвори очите немаше ни сенка од неговиот доминантен татко повеќе. Само загрижениот поглед на неговата убава сопруга, која посегна по неговата рака, не дозволувајки му да ја гризе истата.
– Моли се…Моли се за сите мртви, Естер. Моли се, моли се…Оче наш, кој си на небесата…
Естер исплашено гледаше во него. Во животот го немаше водено во таква состојба.

продолжува во петок…

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!