Почетна / Сапуници / Руската мелодрама „Врати ми ја љубовта“ на МТМ и регионалните ТВ
Секој работен ден во 23 часот и наредниот ден во 13 часот

Руската мелодрама „Врати ми ја љубовта“ на МТМ и регионалните ТВ

Познатата руска мелодрама “Врати ми ја љубовта” за ваше потсетвање на прва скопска МТМ и останатите регионални тв станици. Во продолжение ве запознаваме со нежната љубовна приказна од најголемата и најстудена земја на светот.

Вера е млада, убава и наивна сиромашна девојка, чија најголема страст е свирењето на нејзиниот омилен инструмент – виолончело. Нејзиниот живот се менува кога запознава двајца млади мажи, кои воопшто не личат еден на друг. Едниот е Влад, млад сликар, весел и добродушен, а другиот е Антон, манипулативен, свиреп и болно амбициозен бизнисмен.

Таткото на Влад е господинот Сергеј Орлов, богат и моќен човек. Влад никогаш не му опростил на татка си што ја напуштил неговата мајка. Од друга страна, Антон е женет со Илиона, ќерката на господинот Сергеј и сестра на Влад. Негова единствена цел е да ја превземе семејната компанија и наследство, така што ќе го лиши Влад од тоа.

Поради својата наивност, Вера му дава предност на Антон и силно се вљубува во него. Дури откако дознава дека тој е женет човек, решава да ја продолжи аферата со него како негова љубовница, затоа што нејзиното срце веќе го одредило патот на љубовта.

Но, за нивната забранета врска ќе дознае хистеричната и злобна Илиона, која решава да ѝ одржи лекција на љубовницата на нејзиниот сопруг. И за тоа го бира најсвирепиот начин. Неконтролирајќи ги сопствените емоции, Илиона ќе ја претепа Вера, така што силно ќе ја повреди нејзината рака.

Сега, Вера никогаш повеќе нема да може да свири на виолончело. Подоцна, Вера дознава дека е бремена, но за разочарувањето да биде уште поголемо, Антон не го признава бебето и ја отфрла.

За руската страдалничка, следуваат уште потешки времиња – таа го губи детето, завршува во затвор, нејзината мајка умира во сообраќајна несреќа, а татко ѝ останува парализиран. По многутте несреќи, за нејзе единствена поддршка ќе стане добриот Влад. Ќе може ли нејзиното срце повторно да љуби, но овојпат вистински, искрено и бескрајно?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!