Анадолиската приказна за големото семејство продолжува со нови епизоди од понеделник до петок по 22.30 часот, веднаш по “За семејството” на Канал 5.
Згодите и незгодите на ликовите во големиот конак ќе може да ги следите во вечерниот термин, наместо досега во 17 часот кога и ќе се емитува нова серија.
Следуваат нови мигови во љубовната сторија за Али и Мави. Љубов родена од поривот на големата одмазда, која во срцето на старите одаи и камени дворја, ќе се избори за својата среќа.
Од понеделник до петок – драма и хумор во многукратно наградуваната серија “Одмазда” на Канал 5.
Дани | ТВ Пакет